Солисти на МОБ со концертот „Поздрав од Скопје“ го отвораат фестивалот „Башчаршиски ноќи“ во Сараево

Објавил: admin@magazin | 26 јуни, 2018 10:13

МОБ ќе гостува на „Башчаршиски ноќи“ во Сараево

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонската опера и балет на покана на Сарaевската Филхармонија ќе гостува на Меѓународниот фестивал на културата во Сараево, Р. Босна и Херцеговина  „ Башчаршиски ноќи“.

“Башчаршиски ноќи” се најголемиот културен настан, односно летен фестивал на културата, во Сараево, Босна и Херцеговина.

Фестивалот се одржува секоја година од 01-31 јули,  а оваа година честа да го отворат фестивалот, со гала концертот насловен „Поздрав од Скопје“, ја имаат солистите на Македонската опера и балет: Наде Талевска (сопран) и Никола Стојчевски (тенор), додека со оркестарот на Сараевската Филхармонија ќе диригира Маестро Иван Еминовиќ.

Со домашните ансамбли и солисти, со гостувањето  на многу европски и меѓународни уметници, Сараево – главниот град на Босна и Херцеговина – секој јули станува вистински центар на културата, а целиот град е во специјална фестивалска атмосфера.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...