Могерини на својот блог во текстот насловен „Две одлуки, една грешка“, сумирајќи ги резултатите од минатонеделните состаноци на ЕУ во Брисел, напиша дека шефовите на држави и влади ја одложија одлуката за преговори и покрај извонредниот напредок што го постигнаа двете земји и позитивната препорака од Европската комисија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 октомври, 2019 10:44

Могерини: ЕУ направи историска грешка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ во заминување,истакна дека ЕУ направи голема грешка. Та оцени дека одложувањето на одлуката на Европскиот совет за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија, не е само пропуштена шанса, туку е историска грешка.

Во Јуни 2018та Заев во интервју за Дојче Веле изјави: “Добивме чист датум за преговори – јуни 2019. Ова е историска одлука за Македонија. Дотогаш, заедно со нашите партнери од Европската комисија, заеднички ќе работиме на остварување на критериумите, имплементација на фазите од Договорот со Грција и финализација на реформите. Многу сме блиску до нашата цел да ги достигнеме стандардите на ЕУ“. Претходно Заев, Бујар, Димитров и Анѓушев објавија и селфи-фотографија на која со насмевки и лајк го прославија добивањето на датум за преговори со ЕУ. Сега испаѓа дека тоа било само “fake news”.

Могерини на својот блог во текстот насловен „Две одлуки, една грешка“, сумирајќи ги резултатите од минатонеделните состаноци на ЕУ во Брисел, напиша дека шефовите на држави и влади ја одложија одлуката за преговори и покрај извонредниот напредок што го постигнаа двете земји и позитивната препорака од Европската комисија.

Тоа е повеќе од пропуштена шанса, тоа е историска грешка што се надевам дека наскоро ќе биде поправена, вели Могерини.

За разлика од „грешката“ кон Македонија и Албанија, Могерини како добри ги оценува одлуките на европските лидери за Брегзит и за турската воена интервенција во Сирија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

Оптимизмот дека ќе извојува победа во Гостивар, тој го образложи со благодарноста на Албанците во Гостивар, бидејќи тие ги ценат постигнувањата кои се остварени со големо жртвување и пролеана крв.

Ахмети: Ние не бараме нешто за да им ја уништиме среќата на Македонците, ние си го бараме своето

Барајќи го гласот од гостиварци, Али Ахмети лидерот на партијата Демократска унија...

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на Македонската академија на науките и уметностите, денеска присуствуваше на промоција на четирите капитални изданија за македонскиот јазик.

Димитров: Македонскиот јазик е затворено прашање и дома и во странство

Македонскиот јазик, за нас Македонците, е затворено прашање и дома и во странство. Секое...

Јанев, кој е член на Њујоршката академија на науките и научен советник на Институтот за политички науки во Белград, ја поздрави заложбата на Гордана Силјановска Давкова, носител на листата на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, за поништување на Преспанскиот договор!

Проф. Јанев: Не постои човечко суштество со здрав разум кое би гласало за СДС!

Професорот Игор Јанев, експерт по меѓународна политика и меѓународно право, со порака...

На 15 јули мнозинството граѓани ги порази деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, а по победата, ние како одговрна партија, како одговорна коалиција ќе покажеме дека мoжеме и уште подобро и уште повеќе, тврди Заев!

ЗАЕВ: Остануваат 22 дена до денот на победата на СДСМ и Коалицијата!

За 22 дена од сега, граѓаните ќе потврдат дека грижата за здравјето, развојот на економијата,...