
Мода
АКО ПОГЛЕДНЕМЕ МНОГУ ГОДИНИ НАНАЗАД,МОДАТА КОНТИНУИРАНО СЕ МЕНУВАЛА И КЕ СЕ МЕНУВА.КАКО ЕДЕН ОД ГЛАВНИТЕ ФАКТОРИ ЗОШТО Е ТОА ТАКА Е ВОВЕДУВАЊЕТО ВО НОВАТА МОДНА ИНДУСТРИЈА ЕДЕН ПОВЕКЕ СЕКСИПИЛЕН СТИЛ,КОЈ ГО ИСТАКНУВА ЖЕНСКОТО ТЕЛО,НОВИТЕ МАТЕРИЈАЛИ И ЕКСТРАВАГАНТНИ ДЕТАЛИ,КОИ СЕ СЕ ПОВЕКЕ ЗАСТАПЕНИ КАЈ МОДНИТЕ СВЕТСКИ ДИЗАЈНЕРИ.
За разлика од модата од XX век која најзастапени беа моделите на Coco Chanel,Gjani Versace и многу други денешната мода нема лимит и граници и може да комбинира во различни бои и парчиња а истовремено се повеќе на тој начин се истакнува женската убавина и нејзината елеганција.Терминот мода потекнува од латинскиот збор фацио кој во превод значи да се направи. Општо е познато дека модата има потекло од најголемите светски метрополи како Лондон,Франција,Италија итд.Како прв моден дизајнер од XX бек беше Coco Chanel која со своите модели кои беа едноставни и удобни,направи еден голем чекор во модната индустрија кој и до ден денес се цени и памети,како еден од најзначајните жени во модната индустрија од 20 век.
Тука се исто така и итaлијанските дизајнери како Gjani Versace кој остана запаметен како еден од најталентираните имиња во светот на модната индустрија.Неговата мода беше заснована на машка еротика и спој на женската сексипилност.Во денешно време женското тело е повеќе е запазено и експонирано.Секој според облеката го истакнува тоа што го поседува и чуствува во душата.Секоја жена треба да има своја самодоверба и преку своите емоции и женски инстикти љубовта кон модата секогаш треба да ја истакнува како посебна,неодолива,привлечна и атрактивна се разбира во согласност со нејзиниот стил.За секого посебно стилот на облекување има свои правила кога и како да се истакне.Некои обожаваат да бидат облечени во секој моден тренд што излегува во модната индустрија а па за некого модата има значење само да е убаво и стилски искомбинирано и не многу експонирано.
Сите луге имаат свои замисли,фантазии и идеи како ке изгледа тоа на нивното тело,односно како тоа ке го изнесе и презентира.
Во денешно време на модата влијаат многу економски ситуации,медиски и социјални токови. Многу луге го доживуваат тоа како претерано експонирање на модните парчиња на социјалните мрежи и медиуми и добиваат негативни критики,мегутоа еден дел од светската елита цело време презентира и експонира модени брендови кои за многу луге се недостижни и нестварни.Тоа значи дека модата сите ја доживуваат на различен начин и стил.
Важно е секогаш тоа што го поседувате во вашиот гардеробер да го искомбинирате на најубав начин без разлика колку чини истото.Модата е огледало на душата,презентирајте ја и зрачете секогаш како што знаете и умеете.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.