И двете дами блескаа во црни модерни комбинации.

Објавил: Сара Фемина | 26 септември, 2019 21:46

МОДЕН ПОГОДОК НА СОПРУГАТА ОД ПРЕМИЕРОТ: Зорица Заева ја засени Меланија Трамп во САД!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот премиер Зоран Заев кој моментално се наоѓа во официјална посета на САД, присуствуваше на дипломатски прием организиран од Доналд Трамп, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

Премиерот Заев беше придружуван од сопругата Зорица, додека 73-годишниот претседател на САД остваруваше средби заедно со сопругата Меланија.

И двете дами блескаа во црни модерни комбинации.

Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН, напиша премиерот на социјалните мрежи.

Заев оствари исто така средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На средбата со Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, уште еднаш ја потврдив заложбата на Северна Македонија за целосна поддршка на Целите за одржлив развој.

Владата е посветена на спроведување на Агендата 2030, што е во насока на превенција од насилните конфликти и тероризмот, како и од заканите што доаѓаат од климатските промени, миграциите и бегалските кризи, сајбер заканите и други хибридни закани за човештвото.

Му се заблагодарив за признанието за важноста на Преспанскиот договор во Годишниот извештај на Генералниот секретар на ОН, кој беше оценет како резултат на победата на дипломатијата и дијалогот и како пример дека споровите можат да се решаваат врз основа на партнерство и пријателство во име на заедничкиот интерес за просперитет на народите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Стил

Веста за нејзината трансформација ја сподели нејзиниот долгогодишен стилист Драган Гоцев- Даци, од Струмица.

ЗОРИЦА ЗАЕВА НЕ Е ПОВЕЌЕ ЦРНОКОСА: После долги години ја смени бојата на својата коса(ФОТО)

Зорица Заева, сопругата на лидерот на СДСМ, конечно реши да ја смени бојата на својата...

Имотот има осум спални соби, десет бањи, отворен базен и скара, домашно кино, танц студио и друго.

ЌЕ ВИ ЗАСТАНЕ ЗДИВОТ: Еве како изгледа луксузната вила во која ќе живеат Хари и Меган(ФОТО)

Меган Маркл и принцот Хари се иселиле од Велика Британија, а сега се објавени фотографии...

Минатата година тој се најде на осмото место на списокот „Форбс“ на најмоќните луѓе во светот.

Запознајте го еден од најмоќните лидери во светот: Пребогат наследник, реформатор а има само 34 години!

Апсењето на тројца членови на кралското семејство во Саудиска Арабија за наводно предавство...

Соработникот на Меланија Трамп откри љубопитни и многу лични детали за првата дама на САД. Мордечај Елвау работи со убавата Словенка веќе 13 години.

„Железна дама“ само пред камери – тој ги раскажа сите ИНТИМНИ работи за првата ДАМА на Америка

Првата дама на Америка секогаш е интересна за светската јавност. Таа каде и да се појави...