Дали постои начин да се знае дали сум бил заразен со коронавирус?

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2020 22:14

МОЖЕБИ СТЕ БИЛЕ ЗАРАЗЕНИ ОД КОРОНАВИРУС НО НЕ СТЕ СВЕСНИ- Светски доктор објаснува како да дознаете!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Коронавирусот или Ковид 19, има широк спектар на симптоми, а има луѓе кои биле заразени со коронавирусот и го излечиле без да влезат во официјалната статистика, бидејќи не им бил дијагностициран. Како знаете дали сте го прележале?

Одговорите на овие прашања за „Гардијан“ ги дава д-р Вилијам Хилман.

Дали постои начин да се знае дали сум бил заразен со коронавирус?

Во моментов нема тест за да се потврди ова. Ние развиваме тестови што може да потврдат претходна инфекција, но сè уште не се на пазарот. Единствениот начин да знаете дека сте навистина заразени е да се тестирате и да добиете позитивен резултат.

Кога станува збор за СОВИД-19, лекарите сè уште се обидуваат да ја разберат целокупната слика за симптомите и сериозноста на болеста.

Можно ли е да бидеш заболен од Коронавирус без да ги почувствуваш симптомите?

Коронавирусот има широк спектар на симптоми. Има луѓе кои немале симптоми, поблаги симптоми како што е обична настинка (течење на носот, затнат нос, болки во грлото), сезонски симптоми на грип (болки во мускулите, скратен здив, треска и кашлица), сè до оние со тешки симптоми кои треба да бидат хоспитализирани.

Колкав е процентот на асимптоматски пациенти?

Студијата од Исланд која го тестира мнозинството од населението откри дека околу 50% од луѓето кои тестирале и биле позитивни немаат никакви симптоми.

Дали асимптоматските луѓе се исто така заразни?

Да, голем број асимптоматски луѓе се заразни некое време, но сè уште не се знае точно. Луѓето се генерално заразни два дена пред почетокот на симптомите, како и кога симптомите се видливи. Тие се заразни дури и неколку дена по исчезнувањето на симптомите – некои дури и неколку недели по повлекувањето на симптомите.

Дали асимптоматските луѓе треба да се однесуваат поинаку?

Апсолутно не. Дури и ако верувате дека сте заразени со вирус, придржувајте се до пропишаните мерки – изолирајте се, држете се на оддалеченост од другите и преземете ги сите мерки препорачани од вашата земја. Ако верувате дека сте имале вирус, треба да им кажете на сите со кои сте биле во контакт 14 дена додека сте биле болни.

Засега нема официјални докази дека некој бил заразен двапати. Во зависност од вашиот имунолошки систем, можете да бидете имуни на вирусот некое време, можеби околу една година, а во некои случаи дури и цел живот – заклучува д-р Вилијам Хилман.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Ќе забележите дека комарците помалку ќе ве напаѓаат ако редовно консумирате зеленчук и овошје, и ако го сведеме на минимум јадењето на храна богата со спорни киселини, што ги содржи секоја преработена храна, како што се млечни производи и месо.

ДОКТОР НЕСТОРОВИЌ ОТКРИВА: Еве како да се заштитите од комарците- оваа храна не треба да ја јадете!

Општо познато е дека комарците се хранат со човечка крв. Но, како што тврди пулмологот...

Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски! – порача министерот Филипче.

Обезбедени 61 единица плазма за третман на пациенти со ковид-19

Досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со ковид-19,...

Според експертите, топлата вода не дозволува размножување на вирусот односно доведува до негова потполна деконтаминација и истребување. Според нив хлорот во водата потполно ја губи способност за одржување на вирусот.

Конечно добра вест за коронавирусот: Откриено дали се размножува во вода?

Според најновото истражување од група експерти од Државниот истражувачки центар за...

Заштитна маска на лицето, држење физичка дистанца, често миење на рацете!

Клучно е да се почитуваат личните мерки за заштита и донесените протоколи за работа на плажите и базените од страна на СИТЕ

Со зголемениот број на посетители на туристичките места низ државата, клучно е да се...