Министерката рече дека во наредните четири години Владата има план да се отворат нови 7.500 места за сместување.

Објавил: Катерина Крстиќ | 29 септември, 2020 18:00

Моментално 47 деца и 14 вработени во градинки се во изолација!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска истакна дека се уште не е исполнет капацитетот во градинките, и информираше дека во моментот 47 деца од предучилишна возраст, односно три згрижувачки групи и 14 вработени се во изолација поради Ковид-19 .

Единствено затворен е објектот во склоп на градинката „Ѕвездички“ во Чешиново-Облешево, и ќе биде отворен утре.Од моментот на отворање на градинките на 9 септември ја следиме состојбата на дневно ниво. Нашите податоци од терен се дека се уште има слободни места. Дополнително, Владата не задолжи како ресорно Министерство да испратиме допис до градинките кои треба да ги исконтактираат родителите што имаат запишано деца, а не ги носат во градинка, да ја демонстрираат својата општествена одговорност и да го отстапат местото на оние родители чии деца се приоритет за сместување, рече Шахпаска.

Министерката рече дека во наредните четири години Владата има план да се отворат нови 7.500 места за сместување.

– Би било утопија доколку кажеме дека во нашите градинки, и во услови надвор од корона кризата, има место за сместување на сите деца. Затоа во изминатиот период изградени се 49 објекти за сместување на деца и 3.193 дечиња беа сместени. Нашиот таргет е до 2024 година во градинка да бидат сместени 60 проценти од децата во предучилишна возраст, односно да бидат отворени 7.500 места, рече Шахпаска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Хоти на средби со Ахмети и со Џафери: Македонските компромиси со Грција и со Бугарија да бидат референтна точка за дијалогот Белград – Приштина

Ахмети, Компромисите на Македонија требало да бидат бенчмарк, ајде мајката?

Косовскиот премиер упатил честитки за значајните промени, исклучителните реформи...

„Светот се освестува на опасностите од доверувањето на клучните комуникациски мрежи на непроверени и ризични производители.

САД и Македонија го потпишаа меморандумот за разбирање за безбедност на 5Г технологии

Најпогодени со потпишувањето на овие меморандуми се кинеските телекомуникацикси...

Ќе се борам во името на оваа моја генерација во политиката да докажам дека можеме поинаку од сѐ што до сега сте виделе.

Мораме да станеме бранители на моралот и етиката во политиката, порача Мицкоски!

Прифаќање на предлогот Гоце Делчев по националност да биде прогласен за Бугарин ќе...