Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 мај, 2022 14:49

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во светот по бројот на милијардери по глава на жител. Монакo е кнежество во Југозападна Европа. Монако претставува т.н. град-држава, кој се наоѓа на Средоземно Море и граничи со Франција. Кнежество Монако е втората најмала држава во светот по Ватикан.

Монако се наоѓа на т.н. Лазурен брег на Средоземно Море, на 18 километри источно од францускиот град Ница. Највисока точка во државата е 163 метри, највисокиот врв „Ангел“ е висок 1109 метри. Монако не располага со никакви природни ресурси.

Монако или официјално Кнежевство Монако е мала независна држава во Западна Европа. Монако се наоѓа на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција.

Од Италија Монако е оддалечен само 16 километри. Вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри и има население од 33.000 жители.
Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

Често Монако се именува како Лас Вегас на Европа.
Монако е уставна монархија и кнежевство, каде на чело на државата е кнезот Алберт II. Династијата Грималди владеела со Монако уште од 1297 и официјално независноста на Монако била призната во 1861. Иако Монако е независна држава, безбедноста на државата е во рацете на Франција.

Монако или официјално Кнежевство Монако е мала независна држава во Западна Европа. Монако се наоѓа на брегот на Средоземното Море и граничи од три страни со Франција.

Една од главните стопански гранки за приход во државата е туризмот. Секоја година Монако привлекува голем број туристи поради казината и пријатната клима, но сепак на самите Моначани не им е дозволено да се коцкаат. Покрај туризмот, во државата во последно време се развиваат и други индустриски гранки како козметиката.
Државата има монопол на поголем број стопански сектори како што е тутунот и поштата.

Порано и телефонскиот сообраќај бил во рацете на државата, но денес тој е приватизиран. Стандардот за живот на луѓето во Монако е мошне висок.
Монако не е член на ЕУ. Сепак, државата има силни врски со Франција па така официјална валута е еврото. Пред воведувањето на еврото, во државата се користел моначки франк. 

Монако е држава која била управувана од монархија уште од 1911 година, со кнезот како шеф на државата. Извршната власт е составена од државниот министер кој е шеф на владата и претседава на владиниот совет составен од пет члена. Сè до 2002 година, државниот министер бил француски државјанин поставен од кнезот според предлози од француската влада, но според уставните измени од 2002 година, државниот министер може да биде и државјанин на Монако. Сепак, кнезот повторно предложил Французин за државен министер. До 1962 година власта била поделена во рацете на кнезот и на еднодомниот Национален совет. Советот е составен од 24 пратеници избрани на парламентарни избори.
Административни единици на Монако.

Монако не е член на ЕУ. Сепак, државата има силни врски со Франција па така официјална валута е еврото. Пред воведувањето на еврото, во државата се користел моначки франк.

Монако е втора најмала држава во светот веднаш зад Ватикан. Исто така, Монако е најмала монархија во светот. Државата се состои од само една општина, поделена на десет или единаесет четврти.

Не постои географска разлика помеѓу државата и градот Монако, иако административно државните и месни надлежни органи се посебни. Најголема четврт е Монте Карло. 

Името на денешното кнежество Монако произлегува уште од грчкото доселување на овие простори во околу 1000 п.н.е. Во чест на Хераклес бил изграден храм кој по кој покасно оваа област била наречена Монако. На просториите на денешен Монако живееле многу народи, земјата била на неколку пати освојувана од најразлични императори и владетели.

Во 43 п.н.е. Гај Јулиј Цезар Монако го вклучил во составот на Римската Империја. Значајна улога во историјата на Монако одиграла династијата Грималди која владеела од 1295 до 1509 година, кога Монако паднал под француска власт. По падот на Француската Империја, Монако повторно бил вратен на династијата. Покасно, по Виенскиот конгрес Монако бил под управа на Италија, а покасно повторно вратен на Франција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...