Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случил вистински хорор, 28-годишна скопјанка пријавила во полиција дека зетот сакал да ја силува.

Објавил: Валерија Петрова | 7 декември, 2019 10:18

МОНСТРУМ ВО СКОПЈЕ: Зетот сакал да ја силува… Милионска кражба во Пошта – МВР со полни раце работа!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Македонската полиција со полни раце работа, билтенот на МВР секојдневни е полн со инциденти, тепачки, кражби, исчезнувања, и обид за силувања…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случил вистински хорор, 28-годишна скопјанка пријавила во полиција дека зетот сакал да ја силува.

– На 06.12.2019 во 04.26 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од Скопје пријавила дека во станот каде што живеат нејзината сестра и зет, додека нејзината сестра била отсутна, нејзиниот зет се обидел да изврши обљуба врз неа. Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот.

Потоа мајка од Скопје пријавила дека нејзиниот малолетен син се одлачил од местото на живеење.

– Во 22:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 33-годишната А.М. од Скопје пријавила дека од дома заминал нејзиниот син М.С.(14).

Тој и порано во повеќе наврати се оддалечувал од домот и бил враќан назад.Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Пред неколку недели имаше инцидент во Поштата во Гостивар откако благајник успеал да си присвои два милиони денари.

– Кривична пријава поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар против С.Џ.(56) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“.

На 23.11.2019 пријавениот, во својство на благајник во Македонска пошта – подружница Гостивар, противправно присвоил за себе парични средства во износ од 1.925.128 денари, кои му биле доверени во службата, информира МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

На 17.01.2020 во 10.55 часот во СВР Скопје, Е.С.(26) од Скопје, вработена во банка, пријавила дека во експозитура на банката на ул.„Исаија Мажовски“ во Скопје три лица со закана со оружје над вработените одзеле пари.

ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО НЛБ: Тројца ја ограбиле банката па го запалиле возилото во Ѓорче Петров

МВР ги откриваат деталиите за грабежот во НЛБ банка во Скопје. На 17.01.2020 во 10.55 часот...

Во автомобилот немало сопатници, а возачот кој е на возраст од триесетина години, се здобил со тешки телесни повреди.

Тешка сообраќајна несреќа ја разбуди Македонија – затворен патот Виница-Берово

Од 06:30 часот утрово во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Виница-Берово,...