За оваа намена се издвоени 127,5 милиони денари од буџетот на Министерството. Дополнително, како што соопшти МОН, за уште седум договори во вредност од 53,7 милиони денари, се чека банкарска гаранција.

– Поконкретно, основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола, со целосната реконструкција ќе добие нов изглед и одлични услови за изведување настава. Договорена е и изградба на објект за подрачното училиште во Лешница, општина Желино „Луис Ѓуракуќи“. За изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на објектот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница во општина Маврово-Ростуше се наменети 6,9 милиони денари, а реконструкцијата на фасадата и кровот како и санитарни јазли во основното училиште „Панко Брашнаров“ во Велес чинат 11,9 милиони денари, наведуваат од МОН.

Во Кочани, во основното училиште „Никола Карев“, посочија од Министерството, ќе се изврши реконструкцијата на кровот и фасадата, како и адаптација на тоалетите и изградба на пристапна рампа, додека музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе добие тоалети за лица со посебни потреби а ќе биде реконструиран и кровот.

– Објектот на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, ќе биде реконструиран и адаптиран, за што од буџетот на МОН се наменети 7,1 милион денари. Подобри услови за учење ќе добијат и основците од село Радибуш во општина Ранковце, каде ќе се изведе комплетна реконструкција на училишната зграда на „Х.Т. Карпош“, што не е обновена од изградбата, пред повеќе од половина век, се вели во соопштението.

Реконструкција на кров, додаваат, ќе се изврши на основното училиште „Св.Климент Охридски“ од општина Македонски Брод, а за училиштето „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, склучен е договор за реконструкција на кровот на стариот објект и на фасадата и котларата и на стариот и на новиот објект. Во општина Крушево, основното училиште „Никола Карев“ ќе добие реконструкција на кров и на фискултурна сала.

Реконструкција на подови, поставување на топлотна изолација на надворешна фасада, реконструкција на санитарни јазли и изградба на тоалет за лица со посебни потреби ќе се изведе во основното училиште „Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров. Ќе се реконструира и објектот на основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода, а во општина Бутел ќе се изврши реконструкција на подот во фискултурна сала и на придружните простории во основното училиште „Живко Брајковски“.

И во средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков“ ќе се изведе реконструкција и адаптација на столарија, термоизолација на фасада и адаптација на тоалети, за што од буџетот на МОН ќе се исплатат 10,5 милиони денари. Од Министерството велат дека ќе следи и рехабилитација на двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.

– Со околу една милијарда денари предвидени за капитални инвестиции во тековната 2021 година, МОН плански вложува во подобрување на условите за учење и работа на учениците и наставниците. При тоа, услов за да се добијат буџетски средства од МОН е објектот да е пристапен за лица со попреченост, или со проектот да се овозможува пристап, затоа што обезбедувањето квалитетно образование значи и обезбедување услови за инклузивно образование, се наведува во соопштението.

Објавил: Перо Милчин | 18 декември, 2021 13:24

МОН: Над 181 милион денари за капитални инвестиции само во ноември и декември

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерството за образование и наука (МОН) во последните два месеца инвестираше 181 милион денари во 24 училишта, соопшти МОН, од каде посочија дека во ноември и декември се склучени 16 договори за капитални инвестиции во основни и средни училишта во 13 општини, во градски и рурални средина.

За оваа намена се издвоени 127,5 милиони денари од буџетот на Министерството. Дополнително, како што соопшти МОН, за уште седум договори во вредност од 53,7 милиони денари, се чека банкарска гаранција.

– Поконкретно, основното училиште „Александар Турунџев“ во Кукуречани, општина Битола, со целосната реконструкција ќе добие нов изглед и одлични услови за изведување настава. Договорена е и изградба на објект за подрачното училиште во Лешница, општина Желино „Луис Ѓуракуќи“. За изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на објектот на основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Жировница во општина Маврово-Ростуше се наменети 6,9 милиони денари, а реконструкцијата на фасадата и кровот како и санитарни јазли во основното училиште „Панко Брашнаров“ во Велес чинат 11,9 милиони денари, наведуваат од МОН.

Во Кочани, во основното училиште „Никола Карев“, посочија од Министерството, ќе се изврши реконструкцијата на кровот и фасадата, како и адаптација на тоалетите и изградба на пристапна рампа, додека музичкото училиште „Ристо Јуруков“ ќе добие тоалети за лица со посебни потреби а ќе биде реконструиран и кровот.

Објектот на основното училиште „Карпош“ во Умин Дол, Куманово, ќе биде реконструиран и адаптиран, за што од буџетот на МОН се наменети 7,1 милион денари. Подобри услови за учење ќе добијат и основците од село Радибуш во општина Ранковце, каде ќе се изведе комплетна реконструкција на училишната зграда на „Х.Т. Карпош“, што не е обновена од изградбата, пред повеќе од половина век, се вели во соопштението.

Реконструкција на кров, додаваат, ќе се изврши на основното училиште „Св.Климент Охридски“ од општина Македонски Брод, а за училиштето „Симче Настовски“ од Вратница, општина Јегуновце, склучен е договор за реконструкција на кровот на стариот објект и на фасадата и котларата и на стариот и на новиот објект. Во општина Крушево, основното училиште „Никола Карев“ ќе добие реконструкција на кров и на фискултурна сала.

Реконструкција на подови, поставување на топлотна изолација на надворешна фасада, реконструкција на санитарни јазли и изградба на тоалет за лица со посебни потреби ќе се изведе во основното училиште „Димитар Поп Беровски” во општина Ѓорче Петров. Ќе се реконструира и објектот на основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода, а во општина Бутел ќе се изврши реконструкција на подот во фискултурна сала и на придружните простории во основното училиште „Живко Брајковски“.

И во средното општинско училиште во Куманово „Перо Наков“ ќе се изведе реконструкција и адаптација на столарија, термоизолација на фасада и адаптација на тоалети, за што од буџетот на МОН ќе се исплатат 10,5 милиони денари. Од Министерството велат дека ќе следи и рехабилитација на двете средни општински училишта „Јане Сандански“ од Битола и „Јовче Тесличков“ од Велес.

Со околу една милијарда денари предвидени за капитални инвестиции во тековната 2021 година, МОН плански вложува во подобрување на условите за учење и работа на учениците и наставниците. При тоа, услов за да се добијат буџетски средства од МОН е објектот да е пристапен за лица со попреченост, или со проектот да се овозможува пристап, затоа што обезбедувањето квалитетно образование значи и обезбедување услови за инклузивно образование, се наведува во соопштението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.