Поради високите температури

Објавил: Калина Мартинска | 12 јуни, 2024 14:46

МОН препорачува основните училишта да работат со скратени наставни часови

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во препораките од МОН се вели дека наставниците треба да ги насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода, а наспроти тоа да им се препорача на учениците да не конзумираат масна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Министерството за образование и наука (МОН), на неколку дена пред крајот на учебата година за основците, денеска преку соопштение даде препорака до училиштата наставата да ја реализираат со скратени часови. Причина за ваквата препорака се високите температури кои ја зафатија земјава.

Во соопштението од МОН се вели дека основните училишта треба да продолжат наставата да ја реализираат со скратени наставни часови, но при тоа да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува. Во препораките од МОН се вели и дека училниците и другите простории кои се користат во училиштето треба постојано да се проветруваат.

Исто така, наставниците треба да ги насочуваат учениците и да им се дава можност да конзумираат поголемо количество на вода, а наспроти тоа да им се препорача на учениците да не конзумираат масна и храна која содржи поголемо количество на шеќери за време на училишниот ден.

Препораките, велат од МОН, се дел од општите препораки за заштита од топлотен бран на Центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Македонија. Наспроти основците, за кои учебната година завршува во понеделник на 17 јуни, средношколците со настава и годинава завршија како секоја претходна на 10 јуни.

Оваа учебна година основците и средношколците за првпат имаа пролетен распуст кој траеше од 26 април до 6 мај. Поради тоа и крајот на учебната година за основците се продолжува до 17 јуни.

Владата на вонредна седница во понеделникот усвои препораки од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на југоистокот од земјата кој овие денови е во портокалова фаза.

Од високи температури, но од жолта (алертна) фаза зафатени се Скопскиот и Вардарскиот Регион, во кои важат општите препораки што ќе ги соопшти Министерството за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...