По последна кривична

Објавил: Калина Мартинска | 19 октомври, 2024 19:54

МОН целосно да му ги одзеде ингеренциите на Мерко

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Упатените бараат целосно одземање на ингирензиите на Рамиз Мерко во образованието. Струшкиот градоначалник да не може са вработува и са назначува директори.

За незаконско поставување на директори, министерството за образование му ги одзеде ингеренциите на Рамиз Мерко над две основни училишта и тоа во Дрслајца и Подгорци.

Организираниот образовен криминал го седна струшкиот градоначалник на обвинителна клупа.Против него моментално се водат судски процеси за несовесно работење и прекршување на законот затоа што поставил несоодветни директори на 4 училишта,меѓу кои и она во Подгорци. Таму на два пати за в.д директор било поставено лице, кое не само што не било од редот на вработените,туку имал и несоодветно образование, односно бил ветеринарен техничар. Па така од штала дирекно седнал во директорска фотеља,а во меѓувреме се здобил и со диплома од Меѓунарониот универзитет во Струга.

На адреса на Мерко уште една кривична

Одземени се ингеренциите на градоначалникот на Струга над две основни училиште -„Св. Климент Охридски“ во Дрслајца и „Гоце Делчев“ во Подгорци, по основ на нереализирани обврски кои произлегуваат од закон – ненавремено објавување огласи за избор на директори и именување на директори кои не ги исполнуваат условите за вршење на должноста. На двете училишта поставени се нови в.д. директори.

Од ресорното министерство нема прецизен одговор дали Мерко целосно ќе ги изгуби ингеренциите во образованието со оглед на тоа што против него се редат кривични пријави, последните случај се однесуваше занезаконско поставување на директор во училиштето во Радолишта.

Се надеваме дека и во други училишта ќе бидат одземени ингеренциите,бидејќи и на неколку места се забележани сериозни неправилности -вели Никола Кукунеш-ВМРО ДПМНЕ Струга”.

Инаку како течат судењата,се обелоденува на кој начин со амин на Мерко во спорните училишта биле поставени директори без потребното работно искуство, некои од нив без високо образование и без лиценца за директор. Во Лабуништа наместо да именува директор од редот на вработените, Мерко донел образовен асистент од ресурсниот центар во Битола,ја вдомил најпрвин како психолог,а само по една недела ја унапредил во директор.Специфичен е случајот со Велешта,своевремено тогаш актуелната директорка Егзона Шеи која не ги исполнувала условите за наставник, а камоли за директор,вршела и мобинг. Јавното обвинитество ја сомничи дека приложила 3 фалсификувани исправи кои ги користела за полагање стручен испит во државниот испитен центар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.