„’Гаспром’ ја прекина работата на уште една гасна турбина на Сименс на станицата Портоваја, каде што се полни Северен тек, а каде од утре дневното производство ќе падне од 100 на 67 кубни метри гас дневно“

Објавил: Перо Милчин | 16 јуни, 2022 6:56

Москва ја намалува испораката на гас за Европа преку Северен тек за уште 33 отсто

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот гигант „Гаспром“ објави дека го намалува доставувањето гас за Европа за уште една третина преку гасоводот Северен тек, еден ден по првата најава за драстичното намалување, наведувајќи дека причината е прекинот на снабдувањето на делови од германски Сименс.

„’Гаспром’ ја прекина работата на уште една гасна турбина на Сименс на станицата Портоваја, каде што се полни Северен тек, а каде од утре дневното производство ќе падне од 100 на 67 кубни метри гас дневно“, се наведува во соопштението.

„Гаспром“ вчера објави за првото намалување на испораките од 167 на 100 милиони кубни метри гас, об аснувајќи ја таа одлука со немањето компресор на Сименс, поради што не можат да работат сите единици за компресија на гас.

Канадските санкции против Русија поради инвазијата на Украина го спречуваат германскиот партнер Сименс енерџи да испорача ремонтирана опрема. Ова го намалува дневното снабдување со гас за речиси 60 отсто преку подводниот гасовод што ја поврзува Русија со Германија преку Балтичкото Море.

Иако „Гаспром“ овие намалувања ги објаснува со технички причини, Берлин денеска, уште пред најавата за на второто намалување, објави дека тоа е „политичка одлука“ на Москва во екот на големите тензии со западните земји поради конфликтот во Украина.

Испораките на руски гас во Европа постојано паѓаат од почетокот на примената на западните санкции против Москва, а ЕУ се обидува да се ослободи од својата енергетска зависност од Русија.

Во последните неколку недели Гаспром го прекина снабдувањето со гас на неколку европски клиенти кои одбија да го платат во рубљи, што Русија го побара како одговор на санкциите на ЕУ воведени по почетокот на руската офанзива против Украина.

Гасоводот Северен тек испорачува руски гас до Германија преку Балтичкото Море во краци од по 1224 километри. Пуштен е во употреба во 2012 година, а инвестицијата чинела речиси 7,4 милијарди евра.

Според податоците на компанијата за експлоатација на гасоводот, од Русија во Европа преку Северен тек во 2021 година биле извезени 59,2 милијарди кубни метри гас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од денеска Шведска и Финска се блиску до пристапување во НАТО, откако Турција се откажа од ветото на нивниот влез.

Путин коментираше за Финска и Шведска во НАТО и за нападот врз трговскиот центар

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија „ќе одговори со иста мерка“...

Уште пред да почне „Прајдот“, полицајци упаднаа во повеќе кафулиња во квартот Џигангир и приведуваа ЛГБТ-активисти и новинари. Според невладините организации, уапсени се најмалку 152-ца луѓе.

ВИДЕО: Полицијата го растури „Прајдот“ во Истанбул, уапси над 150 учесници

Турската полиција вчера насилно интервенираше на „Парадата на гордоста“ во Истанбул...

„Овие мерки директно ќе ги погодат руските олигарси и ќе го нападнат срцето на воената машина на Путин“, рече британскиот премиер Борис Џонсон, кој ќе се сретне со лидерите на индустриски најразвиените земји во светот во Германија на тридневниот самит на Г7.

Велика Британија, САД, Канада и Јапонија го забрануваат увозот на злато од Русија

Обединетото Кралство, САД, Канада и Јапонија ќе забранат увоз на злато од Русија како...

Трите напади се случиле околу полноќ во ноќни клубови во центарот на Осло. Се пукало во Лондон паб, популарно место за ЛГБТК+ заедницата, потоа во близина на џез-клубот Хер Нилсен и уште еден паб.

Двајца мртви, 21 повреден во терористички напад во Осло, откажана Парадата на гордоста

Четириесетидвегодишен маж е уапсен и обвинет за убиство, обид за убиство и терористички...