Пациентите обвинуваат дека се принудени за прегледи да чекаат со месеци, од "Мој термин" тврдат дека се е во ред, додека на официјалниот сајт сепак нема слободни термини

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 10:20

“Мој термин” вистински хаос, пациентите чекаат со месеци за преглед

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Ендокринологија, Имунологија, Ортопедија се само дел од државните клиники во кои во моментов воопшто не може да се закаже преглед кај специјалист.

Кај други треба да се чека и над 20, 30 па и 40 денови. Истото се однесува и за дел од дијагностичките процедури односно снимања со апарати.

Еден од нив е ехо на дојки. Со месеци, преку матичните лекари жени не можат да направат ехо-преглед, а во меѓувреме здравствените власти постојано апелираат за редовни прегледи, со цел рана детекција на рак на дојка.

Пациентите велат дека „Мој термин“ функционира само делумно, па ако немаат роднини или пријатели, вработени на клиниките, за да влезат во ординацијата, поминуваат денови чекајќи во клиничките ходници.

Пациенти тврдат дека поради ваквиот хаос, а заради итност на нивната здравствена состојба, последните пари ги трошат во приватните болници.

Од Управата за електронско здравтсво „Мој термин“ негираат дека постојат проблеми.

Со националниот систем за електронски евиденции во здравството нема никаков проблем во секојдневната работа. Не е точно дека преку „Мој Термин“ не може да се закажат прегледи кај специјалисти со определени специјалности, ниту пак дека се недостапни некои апарати. При закажување на термин, доколку за определена специјалност нема ниту еден слободен термин во иднина, таа специјалност не се појавува во изборот. – велат од „Мој термин“.

Од таму се правдаат дека доколку лекар или пациент се обрати до Управата за електронско здравство на телефонскиот број 15-444, вработените контактираат со Установата на која се однесува поплаката за изнаоѓање решение.

На веб страницата на „Мој термин“ јасно е наведено дека нема слободен термин за преглед. На истата адреса секој може да провери достапност на одредени апарати и лекари специјалисти.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Министерот за здравство Венко Филипче денеска рече дека работите за градбата на болницата во Штип, се изведуваат со забрзана динамика.

Филипче: “Најсовремена нова болница во Штип до 2020 година”

Болницата во Штип продолжува да се гради и треба да биде завршена во 2020 година соопшти...

Локацијата на новиот клинички центар, ќе биде во општината Ѓорче Петров, изјави вчера попладне министерот за здравство Венко Филипче.

Владата ќе искешира 480 милиони евра за нов клинички центар

Владата предвидуваше околу 120 милиони евра за изградба на нов Клинички центар, но средствата...