
Мода
Женска
Што и да облече војвотката од Сасекс, Меган Маркл, инстантно се распродава!
Ова е еден од критериумите што се земени во предвид при изборот на стилски највлијателни личности за 2019 година, а токму Меган Маркл ја предводи листата прескокнувајќи ги Кајли Џенер и Карди Б кои претходно беа на врвот.
Меган Маркл е единствената претставничка на кралското семејство која годинава е во Топ 10 највлијателни стилски икони, додека Кејт Мидлтон е рангирана на 11. позиција.
Продажбата на парчиња што ги носела Меган, скокнала за дури 216 процент, што е уште еден показател за нејзиното влијание, пренесува Daily Mail.

Рангирањето на оваа листа го прави релевантната модна платформа Lyst, која при нејзиното дефинирање зема во предвид повеќе фактори и критериуми како продажба, преглед на страници, медиумско покривање, спомнувањата во содржините на социјалните медиум
Во светските медиуми се појави информација дека Меган Маркл во својата кариера заработила околу пет милиони долари.
Тоа беше доволно да почнат шпекулациите кој всушност е задолжен за плаќањето на облеката во која се појавува сега веќе, Војвотката од Сасекс.
Пред да се омажи за принцот Хари, таа сама си ја купувала облеката или пак добивала подароци од различни брендови.
Сега веќе подароците се минато, бидејќи членовите на кралското семејство не смеат да прифаќаат подароци.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.