Живеевте многу брзо, се натпреварувавте во сè! Во пари, во деловна активност, во големината на куќите, во длабочините на џепот, во убавината, во модата, во себичноста додека вашите срца полека се замрзнуваа!

Објавил: Македонка Димкин | 21 март, 2020 0:23

МОЌНА ПОРАКА: Не плашете се, не сум ви непријател, јас сум тука да ве предупредам

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Дојдов како гласник, дозволете ми да ве спречам! Да ве освестам, да ви ја пробудам свеста. Пожарите неможеа да ве спречат, ниту поплавите не ве запреа и земјотресите не ве спречија!

Живеевте многу брзо, се натпреварувавте во сè!

Во пари, во деловна активност, во големината на куќите, во длабочините на џепот, во убавината, во модата, во себичноста додека вашите срца полека се замрзнуваа! Ги заборавивте звуците на птиците кои пеат, заборавивте на звукот на жуборењето на реката, на вашите најблиски, богатството на семејството и здравјето.

Ништо не можеше да ве спречи!

Дали сега ја слушате тишината како зборува?

Дали слушате птици кои црцорат по напуштените улици на градовите. Погледнете во небото, авионите не летаат, но ќе видите sвезди, ќе видите бесконечно чисто небо што јасно ви испраќа порака.

Ќе научите што значи кога тишината зборува. 

Ќе ги отворите вашите одамна затворени очи, додека напразно зјапате низ прозорците на вашиот скапи станови. Ќе посакате да вдишете од убавината на оваа тишина, без бучните звуци на автомобилите и избезумените млади луѓе кои трчаат и зјапаат во нивните мобилни телефони и го трошат денот извршувајќи ги сите задачи без да видат некој освен себеси, брзината на животот, брзата храна и технологијата …

Не плашете се, не сум ви јас непријател, јас сум тука да ве предупредам, дека живеете премногу брзо и дека сте одговорни за бавното исчезнување и смртта на планетата, не, не сум јас – тоа сте вие.

Сè е во ваши раце. Дали сега имате време кога сте затворени во вашите куќи за да погледнете кон небото и да сфатите дека има некој горе, кој ве гледа? Дали имате време да го разбудите вашиот ум размислувајќи затворено во 4 sида додека гледате како сонцето ве поканува надвор а вие сте заробени во оваа агонија?

Колку пати сте размислувале за важноста на здравјето, и каде се крие вистинското богатство?

Колку пати сте размислувале за најлошото сценарио? Стравот е сега внатре во вас

Паника! Целиот свет е во паника, само до пред неколку дена трчавте безгрижно низ преполни трговски центри притоа не размилувајќи на оние кои немаат, на оние кои тое неможеа да си го дозволат, а сега, сега сè е празно … Знам вие не ме гледате! Но тука сум!

Надвор позади секој агол на планетата, ве набљудувам и чекам … го чекам мојот момент кога ќе сум сигурен дека ја научивте лекцијата!

Ајде, ајде да бидеме луѓе со срце да и дадеме шанса на планетата и на самите себе!!!!!!

(преведено )

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Поезија

Замислував свет , не живеев во реалноста, каде парите се она најглавното,арно викаат старите не веруваш се додека не почуствуваш на своја кожа!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина!

Некогаш плачев за љубовта, денес плачам за мојата иднина! Живеев во свет каде на прво...

Стихозбирката брзо се растура по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија и постигнува голем успех.

„Денови ли се – денови, аргатски маки големи“: 80 години од издавањето на „Бели мугри“ на Кочо Рацин

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб....

Иако приказната е од Русија,пораката погодува директно во срце. Ова не би требало да се игнорира. Иван не смее да се заборави.

Срцето на малечкиот Иван престана да чука: Родителите го убија својот син!

Приказната е за Иван – но не само за него. Тоа е приказна за милиони деца како него,...

Издавањето на книгата не одеше според планот кој го имав во летото 2018 година.

Груевски не знаеше што да прави, па напиша книга во Будимпешта- Со посвета на моите ќерки Софија и Анастасија!

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалните мрежи информираше дека неговата...