
Македонија
Вести
На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани триесетина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.
Погребот во Кочани е закажан за 12.00 часот а на него ќе чинонаначaлствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан во сослужение со повеќе архиереи од МПЦ-OA.
Од МПЦ – ОА замолуваат за достоинствено и христијанско однесување.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов утрово упати апел да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб.
Денеска ќе бидат погребани жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-Целата македонска јавност е тажна и сочувствува со семејствата на 59-те настрадани лица во ужасниот пожар во Кочани. Но, тагата и болката на родителите, браќата и сестрите, роднините и другарите на настраданите е најголема. Затоа, Ве молам, денес да ги оставиме унесреќените родители, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда. Да им оддадат почит, да постојат до нив пред да бидат положени во гроб. Да го оставиме Синодот на МПЦ предводен од Неговото Блаженство г.г. Стефан, поглавар на МПЦ ОА на гробиштата во Кочани како и свештениците во другите градови и села, непречено да ја одржат погребната церемонија – се потенцира, меѓудругото, во повикот од Ангелов.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 претежно млади лица, а 178 се повредени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.