МПЦ - ОА 11 години (со исклучок на 2012 година) тврди дека не остварила приход поголем од 2.500 евра, како непрофитна организација а купила земјиште од 3 милиони евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 декември, 2018 9:24

МПЦ – ОА за 11 години пријавила само една завршна сметка

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Македонската православна Црква – Охридска Архиепископија како неданочен обврзник, според документите од Централен регистар во последните 11 години само еднаш остварила проход поголем од 2.500 евра.

Имено Македонската православна црква цели пет години не пријавила воопшто Завршна сметка, судејќи според Документот на Централниот регистер, каде е запишано дека МПЦ последен пат доставила Завршна сметка во 2012 година и оттогаш, се до денес нема пријавен завршен биланс. 

Од завршни сметки на МПЦ во Регистерот, од за периодот од 2006 година до денес стои само завршна сметка за 2012 година. 

Непријавување на завршна сметка после две години повлекува бришење од Централниот регистер,  а надлежна институција за дејноста и функционирањето на МПЦ е Основниот суд.

Со овој чин, МПЦ и институциите покажуваат дека Црквата е привилегирана и надвор од Уставот и законите, имено во членот 19 на Уставот е предвидена прецизна одредба- дека МПЦ, како и другите верски заедници и групи се одвоени од државата, но се еднакви пред законот.

Но, апсурдноста на мисијата на МПЦ се однесува и на друг факт. Според Уставот, членот 19 ја дефинира улогата на МПЦ каде таа е слободна во основањето на верски училишта, на социјални и добротворни установи.

МПЦ, сепак, и покрај уставните решенија, самоуверено влегува во бизнис води и со тоа, проблематичната улога на МПЦ не завршува нејзината примарна дејност е од темел покопана, со основањето на Трговско друштво за градежништво “Обновители” и најава за градење на станбени објекти и деловни простории.

МПЦ заедно со бизнисменот Зоран Антиќ уште во 2010 година, ја основа градежната фирма “Обновители” за после 8 години, да се амбицираат токму на бизнис кој ќе го окупира земјиштето спроти хотелот “Холидеј Ин”.

Овој потег на МПЦ се коси со уставните начела и мисијата на Црквата, која треба да е фокусирана на верски субјекти, како и мисија која акцентот го става на социјални и добротворни цели.

МПЦ во Договорот за основање на Обновители станува Трговска фирма

Оттука, МПЦ во исто време игра две улоги: се претставува пред законите како непрофитна организација, притоа не пријавува завршна сметка, додека во вториот случај, таа е во исто време и трговско друштво, преку основањето на фирмата Обновители, каде е ко-основач со бизнисменот Зоран Антиќ.  Сепак, при купувањето на земјиштето кај Холидеј ин, фигурира фирмата “Обновители”- на МПЦ и на Антиќ, како и “МГ Фешн”, која е сопственост на Антиќ .

Според Законот за непрофитни организации, како што е основана МПЦ, не подлежат организации чија вкупна вредност на имот или годишниот приход е до 2.500 евра.

Но, двојната улога на МПЦ да биде непрофитна организација и во исто време ко-основач на трговска фирма, ја исклучува можноста да биде третирана исклучиво како непрофитна организација.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Претседателот Иванов јасно го повтори својот став, НАТО и ЕУ интеграциите никогаш не биле доведени во прашање, штетниот Преспански договор е она што е камен кочничар

Иванов му одржа “лекција” и на заменик државиот секретар на САД

Претседателот Ѓорге Иванов, синоќа го прими Џон Саливан, заменик државен секретар...

Пропадна најавата дека државата конечно ќе добие квалитетно тело за борба против корупцијата, ни по 9 месеци СДСМ и ДУИ не се подготвени за транспаремтно работење

Обидот за формирање антикорупциска ги скара ДУИ и СДСМ

Кога државата не може цела година да формира состав на Комисијата за борба со корупцијата...

Зијадин Села, Сурија Рашиди и Горан Милевски се единствените пратеници кои не го поддржаа Законот за амнестија како резултат на комисијата за национално помирување

Три пратеници против законот за амнестија

Експресното гласање на Законот за амнестија во Законодавниот дом покажа дека полека...

Во акцијата на МВР останува отворено прашањето како во рок од два месеци во Македонија без санкции била внесена марихуаната од Албанија, а била наменета за Турција

Половина тон марихуана шверцувани во камионска приколка

Во координирана полициска акција на Граничниот премиер Богородица, запленети над...