Шилегов тогаш истакна дека со божиќните пости се расипува новогодишната атмосфера бидејќи постот завршува по Нова Година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 4 декември, 2019 15:48

МПЦ распали по Шилегов: Слави го Божиќ на 25- ти и гледај си ја својата работа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на град Скопје пред два дена на прес конференцијата на Град Скопје истакна дека големиот православен празник Божиќ  треба да се помести, и да се слави заедно со католичкиот.

Божиќ е втор најголем празник во христијанството, Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25-ти декември, а оние кои се водат по стариот, како МПЦ-ОА, го чествуваат на 7- ми јануари.

Шилегов тогаш истакна дека со божиќните пости се расипува новогодишната атмосфера бидејќи постот завршува по Нова Година.

„Знам дека 85 % од луѓето го мислат истото, мене ми е сеедно кога ќе се слави Божиќ, ама ако сакате да има празнична, новогодишна атмосфера, тогаш нека го преместат. Не ми е јасно како може да има божиќен пост, а да се слави Нова година“, изјави Шилегов.

Телевизија Алфа за ваквот предлог на Шилегов побара став од МПЦ-ОА.

Како што објави телевизијата, на ова прашање портпаролот на Синодот, владиката Тимотеј нервозно му порача на градоначалникот да не се меша во црковните работи.

-Ако сака нека си го слави тој на 25-ти декември. Радоста е на црквата и верниците, а не на политичарите, кусо порача портпаролот на МПЦ-ОА, г.Тимотеј.

За сега МПЦ-ОА не планира да оди по стапките на други православни земји кои ги сменија датумите на празниците, туку реши заедно со  Србија, Русија и Украина да биде меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Според податоците, станува збор за група за која полицијата подолго време работи на разбивање на ланецот наркотици.

Голема акција на МВР во Гевгелија, запленета голема количина на дрога

Во Гевгелија во тек е акција за сузбивање на нелегална трговија со дрога. Неофицијално...

Собранието вчера попладне и изгласа доверба на Владата, откако претходно тоа од пратениците усно го побара премиерот Зоран Заев!

Заев: Да ги изгласаме клучните Закони во Собранието и сите да работиме во функција на развој на државата

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев на денешниот официјален...

- Селата се наоѓаат во зоната за одржливо користење, која е внимателно предложена со цел да овозможи непречено функционирање на луѓето во населените места на целата територија на паркот.

Нашата држава ќе добие прв Национален парк од прогласувањето на независноста

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес–конференција...