Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Објавил: Калина Мартинска | 19 јуни, 2024 16:13

Мрежарината за струјата може да се намали во декември- ако малите фирми одат на слободен пазар тоа ќе биде олеснување за сите

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дали и за колку ќе поскапи струјата за домаќинствата и малите потрошувачи од 1 јули се уште е неизвесно.

Ден пред затворање на аукцијата на која производителите треба да ги достават понудите по кои ќе и ја продаваат струјата на ЕВН Хоум, јавноста е во дилема, но и исчекување на крајниот биланс. Државната ЕСМ, која по правило досега нудеше најевтина производствена цена понудила 5% повеќе, односно наместо досегашните 57, сега бараат 60 евра за мегават час.

За конечната одлука треба да пресече Регулаторна комисија за енергетика чии пресметки ќе одредат дали и колку би зинесувало евентуалното поскапување. Она што се знае е дека простор за намалување на мрежарината, засега е невозможно. Така барем тврди опрвиот човек на регулаторна, кој не се согласува со ставовите на дел од експертската јавност која сугерира интервенција во оваа ставка:

„Мрежарините ќе ги определиме цените кон крајот на декември освен ако нема драматични промени, но она што гледам постојано се збори за надоместокот, но ако се укине тој надоместок ќе значи намалување на евтината тарифа по 15 отсто, но да се кажуваат невистини дека таков надоместок немало никаде во свет е срамота“, вели Бислимовски  претседател на регулаторна комсија за енергетика.

И да се прифати поскапата понуда на ЕСМ, струјата може и да не поскапи, но тоа ќе зависи од цената која ЕВН Хоум ќе треба да ја плати за набавката на струја на слободниот пазар. Соодност за ова е следен. Од ЕСМ се набавува 85% од потребите, а останатото на слободниот пазар. Токму ова според Бислимовски е причината за присутната неизвесност поради која се уште не можед а се предвиди ништо поконкретно.  Според не, притисокот врз цената на струјата за домаќинствата може да се намали ако малите фирми се префрлат на слободен пазар кои сега се снабдуваат на регулираниот пазар.

Инаку, од ВМРО – ДПМНЕ како идна Влада порачаа дека нема да дозволат ценовен шок за граѓаните. Христијан Мицкоски како иден премиер веќе порача дека доколку побарувањето на ЕСМ донесе поскапи сметки за граѓаните, ќе ја врати цената со тенденција дури и на намалување, но кога ќе почне новиот период на регулирање а тоа е од први јануари. Мицкоски очекува дека во новата цена на струјата ќе влијае и профитната маржа на универзалниот снабдувач која сега е 9,9 % , а претходно беше 11 отсто, што во крајната формула нема да донесе повисока сметка.

Иако праксата вели дека дека државните електрани досега давале најниска понуда. Сепак тендерот ќе биде затворен утре кога завршува аукцијата по што ЕВН Хоум треба да ја понуди новата цена на струјата, а последниот збор кон крајот на месецов ќе го има регулаторната комисија за енергетика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...