„Твитер”

Објавил: Калина Мартинска | 11 март, 2025 8:53

Мрежата Х на Илон Маск паднала поради сајбер напад од Украина

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Американскиот милијардер кој раководи со Министерството за ефикасност на владата во САД, Илон Маск, синоќа изјави дека социјалната мрежа „Х“, што ја поседува, е „урната поради голем кибер напад што потекнува од Украина“.

Десетици илјади корисници синоќа објавија дека не можат да пристапат до платформата „X“.

– Имаше голем кибер напад со цел да се урне системот „Х“, а IP адресите потекнуваат од територијата на Украина – изјави Маск за Фокс њуз.

Работата на мрежата е обновена од денеска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.