Еднаква плата за еднаква работа или работа со еднаква вредност е услов за социјална правда и за ефективно учество во донесувањето одлуки и демократијата.

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 март, 2021 5:17

МТСП: Комитетот на министри на Совет на Европа ја усвои Декларацијата за еднакви плати и можности за жени и мажи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Еднаквоста помеѓу жените и мажите е меѓу основните човекови права што сите земји-членки на Советот на Европа се обврзаа да ги почитуваат. Тоа е впишано во најосновните правни инструменти донесени од Организацијата, вклучувајќи ја и Европската социјална повелба.

Шеесет години по усвојувањето на Европската социјална повелба – Социјалниот устав на Европа – со кој се прогласи правото на мажите и жените работници на еднаква плата за работа со еднаква вредност, затворањето на јазот во платите е цел што не може да се одложи“, изјави Карин Лукас, претседател на Европскиот комитет за социјални права.

Комитетот  на министри на Совет на Европа вчера (17.03.2021) год. ја усвои Декларацијата за еднакви плати и можности за жени и мажи. Притоа, Комитетот на министри на 

Советот на Европа ги посочува следниве ресурси со цел земјите членки на Совет на Европа да се справат со нееднаквостите во платите и можностите во вработувањето:

·         признавање на правото на еднаква плата меѓу жените и мажите за работа со еднаква вредност во законот;

·         обезбедување пристап до ефективни правни лекови за жртвите на дискриминација и исплата на надомест ;

·         промовирање на транспарентност на платите, меѓу другото, преку релевантни статистички податоци, овозможувајќи споредби на платите;

·         подржување на ефикасни тела за еднаквост и релевантни институции со цел да се обезбеди еднаква плата во пракса;

·         усвојување, кога е соодветно, сеопфатна стратегија за унапредување на правата на еднаква плата за работа со еднаква вредност и родова еднаквост при вработувањето, вклучително и конкретни одредници и детален временски рок, особено преку дизајнирање на ефективни политики и мерки и собирање на сигурни и стандардизирани податоци поделени по пол.

Европскиот комитет за социјални права ги нагласи овие елементи во своите одлуки, заклучоци и изјави за толкување и утврди дека постојат случаи на неусогласеност со овие барања на различни основи, но и дека се бележи напредок.

Во 2020 година, Европскиот комитет за социјални права јавно објави петнаесет одлуки за усогласеност на државата со правото на еднаква плата и еднакви можности на работното место во земјите кои ја прифатија постапката за колективни жалби и разви критериуми кои можат да им помогнат на земјите-членки во нивните напори да се адресира нееднаквоста откриена со јазот во платите и со пропустите во еднаквите можности за жените во вработување.

Приоритетните области за унапредување на родовата еднаквост и воспоставување на еднакви можности се дефинирани во Стратегијата за родова еднаквост на Советот на Европа 2018-2023 год. и начинот на работа и спроведување на истата се реализира преку: Меѓувладина координација, проекти за соработка и внесување на родовата перспектива(gender mainstreaming) во сите останати области кои ги покрива оваа организација.

Република Северна Македонија како членка на Советот на Европа преку свој претставник од Министерството за труд и социјална политика во Комисијата за родова еднаквост на Советот на Европа,  учествува во изработката на иницијативите, изработка и промовирањето на сите значајни конвенции, декларации и резолуции од областа на родовата еднаквост и еднаквите можности .

Еднаква плата за еднаква работа или работа со еднаква вредност е услов за социјална правда и за ефективно учество во донесувањето одлуки и демократијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

– Се дозволува организирање и одржување на семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции и слично, во затворениот дел на објектите до 50% исполнетост од капацитетот на просторот.

Владата дозволи свадби на затворено, а од 15 ноември за влез ќе се бараат две дози вакцина

Владата на Македонија на вчерашната редовна 115-та седница, согласно моменталната епидемиолошка...

Членот на ДИК, Кренар Лога не се согласува со ваквата одлука и истата ја нарекува незаконска. За ова писмено ги известил и останатите членови, пренесе Алсат.

ДИК го смени Упатството и ќе признава за важечки и ливчиња без печат

ДИК на денешната седница го смени Упатството за важечки и неважечки ливчиња и сега...

Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино која е резерва за вакви случаеви на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва?

Куштрим Рамадани и Васко Ковачески мора да понесат одговорност за енергетската криза

Уште минатата година, Левица предупредуваше дека со ваква лоша кадровска политика...

Мицкоски посочи дека на СДСМ и на ДУИ им пречи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса и Алтернатива. Граѓаните сакаат коалиции со коишто ќе им се покаже иднината, а не да ги враќаат во минатото.

Со Села направивме коалиција за создавање иднина

„Не е поентата да се занимавате со политика и да делите. Поентата е да се занимавате...