Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Објавил: Сара Фемина | 23 април, 2021 12:16

МТСП: Од понеделник почнува етапната исплата на априлските пензии

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Oд понеделник 26.04.2021 година, почнува етапната исплата на априлските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

  • За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.04.2021 година (понеделник);
  • За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.04.2021 година (вторник);
  • За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.04.2021 година (среда);
  • За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 29.04.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 26 април(понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.

Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Портпаролот на Владата Хоџа информираше дека заклучно до денеска во 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, како и дека се самопопишани 195.477 граѓани од дијаспората.

Пописот трае до 30 септември и никој нема да биде пропуштен или изоставен од овој процес

Влегуваме во последната фаза од пописните активности на терен во која се привршуваат...

Тоа што Заев, Филипче и СДСМ си ја префрлаат одговорноста за трагедијата во Тетово со коалицискиот партнер ДУИ, воопшто не ја интересира јавноста!

Документите за завршената модуларна болница во Тетово не биле потпишани од инженер

Колку и да се обидуваат да си ја префрлаат вината меѓу себе, СДСМ и ДУИ се најповиканите...

Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови

Попишани вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства и 632.742 станови Вкупно 1.460.552 лица, 455.478 домаќинства...

Ве повикувам без двоумење да го направите овој чин, односно да се откажете од формалното бугарско државјанство и со тоа да го засилиме македонскиот бедем во желбата за сочувување на оваа наша света и благословена Македонија., вели г. Агатангел!

Владика Агатангел: Македонците кои земале бугарско државјанство сега да го поништат

Ве повикувам да не се двоумите, да не се колебате и да не се плашите од имунизацијата,...