
Македонија
Вести
Познатиот музичар, Ристо Самарџиев, кој долги години работи во ТВ Сител, ќе го замени Драган Павловиќ – Латас на позицијата главен и одговорен уредник на телевизијата.
Како што пишува порталот Лидер, Ристо Самарџиев ќе биде одговорен уредник на целата програма на телевизија Сител !
Како главен уредник на информативната програма ќе биде поставена досегашната уредничка, Славица Арсова – Спасовски.
Славица Арсова е вработена во Сител, прво почна да работи како новинар на терен, а пред неколку години стана уредник, за сега да застане на чело на информативната програма.
Иван Кузманоски ќе биде нејзин заменик.

Ристо Самарџиев е роден во 1964 на 17 август. Тој својата музичка кариера ја започнал кога имал само 16 години. Тој ја формирал групата Цилиндер во 1981 која била прва група во Македонија што го прифатила новиот бран како правец во Рок музиката.
Во групата членови беа Мики Димовски-сегашен тапанар во Архангел, Петар Ренџов-музичар кој сеуште активно се занимава со музика и др. Групата силно влијае на многу млади луѓе кои се занимаваа со музика тоа време. Во јуни истата година групата освојува прво место на ЗАЈАЧАРСКАТА ГИТАРИЈАДА – фестивал за рок групи кој што претставува силен рок фестивал тоа време.
Цилиндер на тој начин станува прва група Македонија која го освоила овој фестивал иако претходно учествувала групата Леб и Сол.
Со групата Цилиндер имал преку 150 концерти меѓу кои и концертите во Ниш, Загреб, Сараево, Нови Сад, Зеница и низ сите градови во Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.