Васил ја изгуби битката со лошиот вирус во приватната клиника ,,Филип Втори” каде беше префрлен од Инфективна, по желба на семејството.

Објавил: Рејхан Бајрами | 24 октомври, 2020 12:20

МУЗИЧКАТА ЕСТРАДА СЕ ПРОСТУВА: Гевгелискиот музичар Васил Ангов почина од коронавирус

Фото/Текст извор: ©фокус

Веста дека познатиот музичар од Гевгелија, Васил Ангов (51) ја изгубил битката со корона вирусот, синоќа одекна во Гевгелија, но и пошироко. Музичарот кој со години наназад настапуваше во локали, но и на музички фестивали, познат по својата скромност, но и голема љубов кон музиката, само до пред неколку недели, односно до пред забраната за настапи во живо, пееше во локали во регионот.

За ,,Фокус” доктор Саше Олумчев од ЦЈЗ Гевгелија, појаснува дека Васил починал во приватна клиника во Скопје. Пред тоа се лекувал дома, но откако состојбата не одела на подобро, бил хоспитализиран.
 
Васил ја изгуби битката со лошиот вирус во приватната клиника ,,Филип Втори” каде беше префрлен од Инфективна, по желба на семејството.

Поради симптоми на вирусот, тој го направи првиот тест, а негативниот резултат пристигна на деветти октомври. Потоа имаше уште едно тестирање, резултатот повторно беше негативен. Дури третиот тест, покажа дека е позитивен на вирусот – вели докторот.

Додава дека музичарот имал хронична асма, а состојбата преку ноќ му се влошила.

-Се уште ги немаме официјално сите детали околу настанот, но ситуацијата е доста сериозна. Покрај Васил, уште две лица од Гевгелија синоќа ја изгубија битката со корона вирусот, и сите се отприлика на негова возраст. Лошо е, мора да се почитуваат мерките за заштита максимално. Поради некои кои грубо ги кршат мерките и не веруваат во вирусот, еве се случува луѓе кои се чувале, да заминат преку ноќ.

Не е доволно само ризичните групи да носат заштитна маска, мора и тие околу нив, само така заштитата е на повисоко ниво. Гледаме дека во целиот свет се шири вирусот со забрзано темпо, мора да бидеме совесни, да се престане со групирања, со престој во затворен простор без маски. Алармантно е, да сфати јавноста дека вирусот постои – изјави д-р Олумчев.

Васил кој беше популарен по клубските забави на кои настапуваше заедно со неговиот син, зад себе ги остави песните „Оди Адио”, „Кому да го дадам срцето”, „Премногу ти верував”, „Ти си ми сонце” и други.

Естрадата со емотивни објави на социјалните мрежи се простува од него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam

Тој ќе остане запаметен како еден од најискусните политичари кои својот капацитет, искуство и истрајност ги насочија кон градење на слободна и независна Македонија.

Мицкоски: Сочувство до семејството Иванови за загубата на г-динот Љубисав Иванов – Ѕинго

Изразувам длабоко сочувство до семејството Иванови за загубата на г-динот Љубисав...

Во име на Фудбалската федерација на Македонија и целото фудбалско семејство, изразувам најдлабоко сочувство до семејството на Љубисав Иванов - Ѕинго!

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Во 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот...

Андревски беше сопственик и на весникот „Вечер“ и основач на Универзитетски центар за стоматологија. Беше лидер на Партијата на правдата.

Комеморација Бојо Андрески ќе се одржи денеска во просториите на Европскиот универзитет.

Почина Бојо Андрески, основачот на Европскиот универзитет

По кратко боледување синоќа почина Бојо Андрески, основач на првиот приватен универзитет...