недела, 12 јули 2020

MK/ EN/ DE



Мизерни пакети за сиромашните, но нов мерцедес од 250 илјади евра за Заев, ваучери за оние со бедни плати, но стотици илјади евра за роднинскиот картел од непостоечкото СЈО.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 мај, 2020 0:33

Муртинскиот Минхаузен

Фото/Текст извор: ©Курир.мк

Античката митолошка мудрост не учи дека не им се верува на Данајците дури и кога дарови носат. Таквите дарови се опасни, лажни, лицемерни и носат злокобна порака која секогаш завршува фатално за оној кому е наменета, како што впрочем подарениот тројански коњ беше фатален за тројанците кои својата лековерност ја платија со крв.

Современата македонска верзија на оваа предупредувачка сентенца би била „Не може да му се верува на Заев, дури и кога дарови носи”, без разлика дали тоа го прави преку своите уценети активисти, во време на „полициски час” или гордо истопорен пред ридот полупразни кутии со кои на мизерен начин се обидува да ја добие наклонетоста од најранливите и сиромашните. Под превезот на лажна грижа за социјалната положба на нашите сограѓани во социјален ризик, Заев го навредува достоинството на граѓаните кои секојдневно мака мачат да го прежиеат животот што Заев им го донесе.

Рашела Мизрахи професионалната кариера ја започнува во 2004 година, кога до 2006 година има остварено клиничка пракса во Ветеринарната Клиника „Д-р Налетовски“ во Скопје и во Ветеринарната клиника за хирургија при Универзитетот за ветеринарни науки „Гвелф“ во Онтарио, Канада.
Од 2007 до 2009 година е асистент на катедрата за Физиологија при Факултетот за ветеринарна медицина, во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Од 2009 до 2013 работи на мониторинг на лабораториски животни, сектор на Проф. Шимон Тинман на Универзитетот „Бар Илан“ во Израел, а од 2015 до 2017 година е советник во Министерството за здравство и работи на медицински статистички анализи по разни критериуми, формирање и водење на регистри на пациенти, формирање и раководење со научно-стручни тимови, пропишување на стратегии за креирање, развој и водење на здравствени програми, креирање и имплементација на процедури во здравствениот систем и др. Во истиот период е консултант на Глобалниот фонд во рамки на Програмата за туберкулоза во Северна Македонија.

Нема насмевки во лицемерните пакети, нема достоинство во подарените инвалидски колички кои соработниците на Заев им ги одземаат на инвалидите затоа што објавиле несоодветен фејсбук статус. Муртинскиот Минхаузен не беше насаден на власт за да се исмева со социјалната положба на народот, туку да овозможи услови за достоинствен живот. Нема работни места, нема инфраструктура, нема подобрување на животниот стандард, нема улици и патишта, нема бесплатно здравство, но затоа од дното на сопствената човечка и духовна мизерија Заев дели пакети во грчевит страв од надоаѓачкиот пораз на изборите, по кои доаѓа времето на ОДГОВОРНОСТ!

За девастираната држава, за безочните кражби и пустошот во економијата, за плантажите со марихуана на семејството Заеви, вклучително и на синот на Боро Малборо, еден од пајташите на Заев што беше жив фатен како шверцува цигари преку граница!

  • Мизерни пакети за сиромашните, но нов мерцедес од 250 илјади евра за Заев, ваучери за оние со бедни плати, но стотици илјади евра за роднинскиот картел од непостоечкото СЈО. Сто евра од новите задолжувања на државата за оние со мали примања, но куќа од милион евра за Шеќеринска и нови монденски патувања на азурното крајбрежје за потесното семејство на Заеев. Седум дена во Андон Дуков, Мардаја или Ачикот, за рајата што со десетици илјади евра ја плаќа школарината на ќерката на Димитров! Тие немаат пари, но затоа народот македонски има и ќе ги плаќа нивните белосветски баханалии и ќе чека во ред за да добие пакет од Заев!

Браќа и сестри!

Слободно земајте ги пакетите што како изборен поткуп ви ги нуди одродот од Муртино. Но, бидете свесни дека не му должите ништо, бидејќи и онака се е купено со пари кои ви припаѓаат вам! Заев не може да ви даде нешто што е ваше! Освен ако не мислите дека парите со кои тој се расфрла, ги спечалил татко му со штедење на струја?!

Земете се што ви припаѓа и бидете на штрек!

Чекајте го денот во кој плебисцитарно, масовно, сите, ќе го симнеме од власта што ја узурпира, во државата од која сам се одроди!

Доѓа денот! Безобразието и недоветноста ќе ги победиме силно и заеднички! Засекогаш!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Во Европа, ама и на Балканот неможеме да влеземе во ниту една држава, толку демек сме биле заразени – ама за на избори сме си биле таман!!!

МИЛЕНКО: Ако ЗАЕВ дојде повторно на власт, МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЈА ИМА ЗА 4 ГОДИНИ

Ги возиме последните метри од Македонското рели наречено Антифашистичка борба за...

Очекувам Судот да ја почувствува сугестијата на фактите и доказите кои ги изнесе и докажа Јавниот Обвинител.

МАЈКАТА НА ПИНО СЕКОНДО: Денеска во судницата во Скопје, повторно беше убиен мојот син!

Сакам со јавноста да споделам и пренесам порака, каква одлука и казна очекувам по завршеното...

Како тоа да не беше доволно, слушнавме дека црногорски бизнисмен од Русија на Зоран Заев и генескот на владата Рашковски им исплатил 300.000 евра и “им дал 2.000 квадрати“, секако не без интерес, друже Зоки како премиер да му ги врати барем петодупло. Им платил со пари од Русија.

ЛАТАС: Зоран Заев од обвинителите и судиите создаде партали за бришење патос по патот на својата корупција и кариера

За корупцијата на власта веќе не зборува само опозицијата туку и оние кои се во самата...