Верниците од исламска веросиповед во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават празникот Рамазан Бајрам, кој се смета за еден од петте столбови на исламот и празник за духовно и за телесно прочистување

Објавил: Калина Мартинска | 30 март, 2025 10:43

Муслиманските верници го слават Рамазан Бајрам

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Рамазан – Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва – Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.

После молитвата, верниците си го честитаат празникот и се смируваат скараните. Потоа се доручкува во домашен амбиент во потесен круг на семејството, по што се посетуваат гробиштата, каде верниците се молат за душите на починатите. Дома за најблиските се подготвуваат подароци, се посетуваат постарите, роднините, комшиите… Трпезите се различни, но богати, а покрај слаткото и баклавата, специјално за празникот се подготвуваат традиционални јадења.

Победа на почитта над омразата: Бајрамска порака на Реисот Шаќир Фетаи

Исламското учење вели дека во месецот на Рамазан е објавена светата книга Куран.

Честит Рамазан Бајрам!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.