Македонија
Вести
Денеска верниците од исламска вероисповед го слават големиот празник Рамазан Бајрам. Верниците цел месец постеа, односно се воздржуваа од храна и пиjaлаци од зора до зајдисонце, а јадење и пиење беа дозволени во текот на ноќта.
Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните. Но по триесетдневниот пост, денеска во сите џамии се служи утрински бајрам-нaмaз.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии – духовна, морална, солидарна и здравствена.
По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен Рамазански бајрам, кој се смета за голем празник во исламот. Почетокт на Рамазан секоја година се поместува за 10 дена наназад, односно во престапните години за 11 дена, во однос на претходната година, поради разликата помеѓу исламскиот и грегоријанскиот календар.
Во дел од арапските држави постот е само во првите неколку дена во месецот.
Првиот ден од Рамазан Бајрам во Македонија е државен празник и е нepаботен ден.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.