Факт е дека изборниот резултат што го постигна ДУИ, му дава за право да ја зголеми својата фактура, но не верувам дека до крај ќ еинсистира на позицијата за избор на премиер Албанец, поради тоа што СДСМ реално и попбеди на изборите“, вели Муслиу.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јули, 2020 17:27

МУСЛИУ ЗА ФАКТОР: Изборите нема да се повторат, ДУИ нема да оди до крај со идејата за премиер Албанец!

Фото/Текст извор: ©фактор

Во изјава за Фактор.мк политичкиот аналитичар Алберт Муслиу вели дека по вчерашните избори, очекувањата се дека Влада секако ќе се формира, а теоретски најневозможна варијанта е повторување на изборите.

„Не мислам дека ќе се повторат изборите. На сите им е преку глава од избори, а на граѓаните најмногу“, вели Муслиу за Фактор. 

Според Државната изборна комисија, „Можеме“ имаат 46 мандати, ВМРО ДПМНЕ освоија 44 пратенички места, ДУИ 15, Алијанса 12, Левица 2, ДПА 1 мандат.

Како би се формирала Влада меѓу СДСМ и ДУИ, со оглед на ултиматумот што пред изборите го поставија интегративците, а тоа е да мора да се постави Албанец премиер.

„Ако внимателно сме ги следеле изјавите на лудерите на СДСМ и на ДУИ, Зоеран Заев и Али Ахмети, ќе видиме дека сите оставија макар по едно мало прозорче за постигнување компромис. Факт е дека изборниот резултат што го постигна ДУИ, му дава за право да ја зголеми својата фактура, но не верувам дека до крај ќе инсистира на позицијата за избор на премиер Албанец, поради тоа што СДСМ реално и победи на изборите“, вели Муслиу.

Тој посочи дека дури во текот на наредните денови ќе се знае точната бројка на добиени мандати, и ќе може да се разговара за формирање Влада.

„Ако се има предвид дека Алијанса според неофицвијалните податоци има 11 до 12 пратенички места, и ако кај нив бројот на мандати се зголеми, а се намали кај ДУИ, на пример за еден пратеник, и заедносо едниот мандат на ДПА, сето тоа ќе влијае на позициопнирањето во преговорите што ќе се водат“, објаснува Муслиу. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...