Македонија
Вести
Топланите Исток и Запад и во текот на декември ќе продолжат да работат на природен гас и испораката на топлинска енергија до домовите на граѓаните и фирмите ќе се одвива непречено – велат од ЕСМ.
За месец декември е обезбеден природен гас од Макпетрол пром-гас и топлинска енергија од ТЕ-ТО – велат од компанијата.
Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека Топланата „Скопје Север“ и АД „Електрани на Македонија“ (ЕСМ) денеска ги завршуваат преговорите и ќе потпишат договор за деловно техничка соработка, со што ЕСМ го презема управувањето со топланата и затоплувањето на нејзините корисници.
Раководството на Топланата „Север“ денеска во 13 часот е на состанок во АД ЕСМ каде треба да ги заврши преговорите, да потпишат договор за деловно техничка соработка и да се обезбеди затоплување на граѓаните во општините Чаир и Бутел, како и на институциите, градинките и училиштата, со оглед на тоа дека ЕСМ го презеде затоплувањето и на тој дел, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по настанот за завршување на изградбата на магистралниот гасовод Неготино – Кавадарци – Битола.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.