Што се однесува до марката на паметниот телефон, за тоа не постојат информации.

Објавил: Весна Петровска | 30 септември, 2019 15:41

НАВИКА КОЈА МОЖЕ ДА ЧИНИ ЖИВОТ:Ќерката заспала, утрото родителите ја пронашле мртва!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Во Казахстан 14-годишно девојче починало откако го оставила смарт телефонот приклучен на струја преку ноќ да се полни, над својот кревет.

Се верува дека девојчето починало од струен удар. Познато е дека трагедијата се случил ноќта на 28 септември.

Што се однесува до марката на паметниот телефон, за тоа не постојат информации.

Смртта на девојчето ја пријавиле родителите, кои ја откриле мртва во креветот.

Руските медиуми потсетуваат сите да бидат внимателни – не се препорачува полнење на телефон близу креветот.

Се тврди дека тоа може да доведе до трагедија.

Еве уште неколку работи кои треба да ги знаете кога го оставате телефонот да се полни.

Сите батерии имаат ограничен рок на траење, па така и батериите во паметните телефони. Сепак, постојат начини за да го извлечете максимумот од нив.

За да го извлечете максимумот од батеријата на вашиот телефон и да избегнете предвремено менување на батеријата и дополнителни трошоци, избегнувајте да ги правите овие работи додека се полни телефонот.

Други полначи – Најпрвин, избегнувајте да користите други полначи освен оригиналниот кој што сте го добиле во оригиналното пакување. Доколку често користите други полначи, голема е веројатноста да го намалите животниот век на батеријата и капацитетот – тоа посебно се случува кога се користат евтините полначи.

Заштитна маска – Кога се полни вашиот телефон, отстранете ја заштитната маска. Маските најчесто го блокираат одводот на топлина, поради што додека се полни, телефонот непотребно започнува да се загрева. А, топлината е бавна смрт за батериите.

Не преку ноќ – Нема никаква поента да го оставите вашиот телефон на полнач во текот на целата ноќ. Константното полнење (и кратко празнење, па полнење) го намалува капацитетот и животниот век на батеријата.

Полнење и празнење – Животниот век на батеријата е ограничен, меѓу другото и со циклусите на полнењето и празнењето. Секогаш кога до крај ќе ја испразните и наполните батеријата, сте потрошиле еден циклус. Поради тоа, настојувајте да ја полните батеријата барем до 80% или 90% и не настојувајте батеријата да се празни често под 10% до 20%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Со свој став денеска на социјалните мрежи се произнесе и поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Пред бугарската фашистичка окупација, 23 години бевме под српска!

Во јавноста се појавија големи реакции откако премиерот Зоран Заев најави дека зборот...

За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е само обид на власта да се оцрни неговото име.

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Во пресрет на локалните избори градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски,...

Советничката од ВМРО ДПМНЕ, Анета Шандева Доневска рече дека предлогот потекува од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Куманово ќе донира 100.000 денари за семејствата на жртвите од тетовската модуларна болница

Советот на Општина Куманово на вчерашната седница едногласно донесе одлука за давање...