Државниот управен инспекторат го натера Алаѓозовски да им даде решенија на авторите

Објавил: admin@magazin | 22 мај, 2018 9:55

Наградените композитори ќе го тужат Алаѓозовски

Фото/Текст извор: ©

Наградените автори на Конкурсот за откуп на нови музички дела за 2017, кој потоа подоцна беше поништен, најавија тужба против министерот за култура, Роберт Алаѓозовски. Министерот го поништи овој конкурс, а решенијата за поништувње на конкурот авторите ги добиле овие денови.

„Наградените автори на Конкурсот за откуп на нови музички дела конечно добија Решение за поништување на конкурсот од страна на министерот за култура Роберт Алаѓозовски, по два претходни налози од Државниот управен инспекторат. По добивањето на решението за поништување на објавените награди, авторите ќе поднесат тужба до Управниот суд и ќе поведат граѓански тужба со барање надомест за штета, поради компромитирање и нарушување на анонимноста на нивните дела и нивниот повеќемесечен труд“, се вели во соопштението на композиторите.

Тие велат дека иако министерот најавил повторување на конкурсот, Министерството сè уште нема објавено никакви информации во врска со неговото повторно објавување.

„Прашање е дали министерот навистина има намера да го повтори конкурсот, или пак не му се допаднале определени имиња како што претходно тврдеа наградените автори. Оштетените автори посочуваат дека причините за поништување на конкурсот наведени во решението, согласно Законот за култура, се резултат на немарноста на самиот министер и неговите служби, но уште позагрижувачки е фактот дека истите пропусти, спротивно на законот, се направени при реализацијата на Годишната програма, што може да биде основ за нејзино поништување доколку некој поведе тужба пред надлежниот суд“, се вели во соопштението.

Минатиот месец Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ побара од Алаѓозовски да ја преиспита одлуката за поништување на конкурсот. „Соопштението на Министерството за поништување на конкурсот содржи информации, ирелевантни за самото поништување. Цитирани се неколку делови од пропозициите (роковите за поднесување на пријавените дела, но и потребата за поднесување на пријавите под шифри), кои немаат никаква врска со поништувањето на конкурсот. Вметнувањето на овие цитати е пиар-трик на Министерството со намера да се создаде впечаток дека авторите што се наградени го компромитирале процесот“, реагира СОКОМ.

Авторите наведоа дека може само да се претпостави дека на министерот не му се допаднал списокот со наградени автори и планира во повторeниот конкурс да се ангажира административно за да се дојде до список што нему му се допаѓа. „Поради очигледниот недостиг на релевантни причини за поништувањето на конкурсот, го повикуваме министерот да ја преиспита одлуката и да ги преземе обврските пропишани во конкурсот“, се вели во соопштението под кое се потпишани Јана Андреевска, Андреј Блажевски, Илија Илиевски, Валентина Велковска-Трајановска, Филип Иванов, Кокан Димушевски, Горан Начевски, Ана Пандевска, Бојана Петровиќ, Драган Стојковски, Тодор Трајчевски, Благој Цанев, Сони Петровски,и Панде Шахов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Земјотресот се случил на 26 јули 1963 година во 5:17 часот. Како резултат на земјотресот, од 1.000 до 1.100 жители ги загубиле животите, а најмалку 3000 лица биле повредени.

ОБЕЛЕЖУВАЊЕ ГОДИШНИНА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО СКОПЈЕ: Гости Влатко Стефановски, Танос Ставридис, Биља Крстиќ и Биг Бенд

Објавена е програмата на град Скопје, за одбележување на 56 години од катастрофалниот...

Ансамблот Танец претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот.

Уште еден голем концерт на амбасадорот на македонскиот фолклор- Танец во четврток во Прилеп

Под мотото „Остани во чекор – со минатото, сегашноста и иднината“, на 4 ти јули во четврток...

Никој не останува рамнодушен кога настапува „Танец“. Уште при првиот звук од зурлата, уште на првиот удар од тапанот и при првиот чекор на ороводецот ни заигруваат срцата, ни затреперува телото.

Седумдесет години „ТАНЕЦ“ – амбасадор на македонскиот фолклор насекаде низ светот!

„Танец“ — aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, основан во 1949 година. Со своето...