
Спорт
Тенис
„Австралија опен е поважен од било кој играч. Ако настапи Ѓоковиќ во ред, но и ако не игра тој ова ќе биде одличен грен слем турнир и без него. Навистина го почитувам, но не се согласувам со работите кои ги направи во последните две недели“, изјави Надал.
Кирјос со години секогаш беше против Ѓоковиќ, но во момент на големата драма тој застана на страна на Србинот.
„Лично ме контактираше Ѓоковиќ преку Инстаграм и ми се заблагодари што сум со него, зашто не очекуваше јас јавно да давам изјави за медиумите. Ми напиша дека се обидувам да ја разберам ситуацијата и имам објективност“, открива Кирјос.
Кирјос потоа зборуваше за целата ситуација во Австралија со вакцините.
„Разбирам дека Циципас има поразлични погледи на вакцинацијата, Надал може да каже што сака, но јас се прашувам каде е поддршката. Кога го поддржав Ноле, добив многу пораки за тоа како сум можел да направам таков потег. Ѓоковиќ бараше само разбирање…“, вели тенисерот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.