Тендерот за набавка на учебници за наставата по странски јазици – кој заврши на 03.06.2020 и е уникатен затоа што се расплинува на набавка на нови учебници за СИТЕ 8 одделенија – треба по сите законски прописи да биде разрешен, односно доделен во рок од 30 дена.

Објавил: Стојче Бушин | 24 септември, 2020 20:08

Над милион евра ќе се потрошат на тендер за нови учебници кои секоја година се набавуваат

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

На само шест работни дена од одложениот почеток на учебната година, наставниците и учениците не знаат по кои нови странски учебници ќе учат учениците од целото основно образование.

Тендерот за набавка на учебници за наставата по странски јазици – кој заврши на 03.06.2020 и е уникатен затоа што се расплинува на набавка на нови учебници за СИТЕ 8 одделенија – треба по сите законски прописи да биде разрешен, односно доделен во рок од 30 дена.

За нас како народна партија, исто така е важно зошто во услови на светска криза и нашата презадолжена економија – ќе се одвојуваат буџетски средства за откуп на нови учебници за странски јазици за сите одделенија наеднаш – наместо да се користат ланските учебници кои во голем број ќе се ротираат помеѓу учениците во стандардна практика – и на тој начин ќе се заштедеа огромни буџетски средства? Во Македонија во просек има по околу 20 илјади ученици во секое од одделенијата на основното образование. Ако се земе дека еден учебник ќе чини во просек 7 евра, односно набавка на учебник за странски јазик за едно одделение за сите училишта ќе чини 140 илјади евра, за сите одделенија ќе се излеат оваа година околу 1 милион и 120 илјади евра за набавка на учебници, од ресорното Министерство .

Дополнително, деталниот буџет на Министерството за образование и наука не е достапен на официјалната страна. Последниот буџет кој што е достапен е оној од 2018 година, додека за 2019 и 2020 година не постојат јавно објавени и достапни информации за тоа како се трошат парите од буџетот на МОН.

Се поставува прашањето дали повторно ќе биде виновна таканаречената стратегија како што министерката Царовска потенцира или ќе се лоцира одговорноста во претходните корумпирани структури од Министерството кое е дел од старо-новата владејачка коалиција? 

Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За граѓаните коишто аплицирале за субвенции за инвертери и ги исполнуваат условите во тек е процесот на предавање на старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување.

ПОДНЕСЕНИ 5000 БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ – ЗАВРШУВА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

Градот Скопје ги информира граѓаните дека завршува јавниот повик за доделување субвенции...

Оваа недела Шведска објави построги локални препораки за Упсала, универзитетски град на 70 километри северно од Стокхолм. Градот стана жариште на коронавирус откако студентите се вратија.

Швеѓаните ни мува не ги лази од КОРОНА- Филипче во паника, македонскиот здравствен систем пред колабс!

Иако бројот на лица заразени со коронавирус расте во земјата, Шведска останува на својот...

Во јули пак, на социјалните мрежи се прошири вест дека починал. За ,,Фокус”, во телефонски разговор тогаш порача дека не може да се изначуди каков свет има.

АМДИ БАЈРАМ: Заврши мојата ера, ама сите ќе ме памтат- ТИВКО ЗАМИНА И КРАЛОТ НА РОМИТЕ

Негов многу близок пријател и соработник, во телефонски разговор за ,,Фокус” ја потврди...