Објави градоначалникот

Објавил: Калина Мартинска | 4 декември, 2024 16:30

Над 1.200 ученици го формираа најголемото македонското знаме во Општина Бутел!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Над 1.200 ученици го формираа најголемото македонското знаме! Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме!

Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!, објави на Фејсбук градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски.

„Стоиме заедно обединети под светлината на нашето Македонско знаме! Во црвено и жолто, го формиравме најголемото Македонско знаме!

Благодарност до Андријана Јаневска која на маестрален начин ја изведе нашата Македонска химна!

Со особена гордост го одбележуваме овој значаен момент формирање на Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството. Тоа нѐ повикува да бидеме обединети, горди и одлучни во зачувување на нашите вредности.

Знамето и химната се симболи на државност и секој еден од нас треба да се идентификува и да ги почитува националните симболи на Република Македонија.

Овој чин не прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности.
Развивање на чуството кај младите луѓе да си ја сакаат, почитуваат, штитат и чуваат татковина, и да ги почитуваат сите нејзини национални белези и симболи за нас е важен момент.

Македонија вечна!, пишува Костовски во својата објава“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.