Јавен повик

Објавил: Калина Мартинска | 11 септември, 2024 15:02

Над 10 општини аплицирале за капитални проекти како дел од проектот 250 милиони евра за општините, бројката расте

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање изјави дека јавниот повик за аплицирање на проекти од страна на општините завршува утре, потенцирајќи дека до сега се пристигнати проекти од прилика од 10 до 12 општини.

„Во текот на вчерашниот ден имаше некаде од 10 до 12 општини кои ги поднеле своите апликации очекувам тој процес да забрза и утре да заврши успешно, потоа следи евалуација на истите. Да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното“, објасни претседателот на Владата на Мицкоски.

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата, меѓу нив и набавка за 95 автобуси

Станува збор за капитален проект со кој на општините им се става на располагање над 250 милиони евра за инфраструктурни проекти и нивен развој.

Во тек е јавниот оглас каде општините може да аплицираат со свои проекти.

Општина Ѓорче Петров аплицираше со нови проекти вредни 119 милиони денари

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.