Владини одлуки

Објавил: Калина Мартинска | 11 февруари, 2025 17:11

Над 100 групи на производи со ограничена маржа на 10 %, маркетите јавно да ги објавуваат цените

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Владата го задолжи Министерството за економија да донесе одлука за 10% ограничување на маржата во трговија на мало и 10% во трговија на големо на основните прехранбени производи. На истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, информира портпаролот на Влада, Марија Митева.

Истата листа треба да биде дополнета со средствата за хигиена како детергентите и плус да се дополни со бебешката храна, како и со други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа.

-Очекуваме да бидат вклучени над 100 групи на производи. Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување, што се очекува да биде за многу брзо од денес, и да трае заклучно со 30.04.2025-та година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспарентно објавување на цените на сите производи и нивно редовно ажурирање на дневна основа. Целта на оваа препорака е да придонесеме поголема транспарентност од каде граѓаните сами ќе можат да одлучат во кој од маркетите ќе пазарат. Да ја видат разликата во цените, а цениме и дека ваквиот пристап кој има карактер на препорака, а не на ограничување, ќе придонесе кон усогласување на самите цени на производите, рече Митева.

Владата, дополнително, го задолжи Министерството за економија и труд да организира итен работен состанок со сите надлежни институции како што се Државниот пазарен инспекторат, Министерствата за финансии и земјоделие, КЗК и други, каде што ќе можат да се разгледуваат и други предлози и мерки со кои долгорочно ќе се реши оваа состојба.

До петок треба да се изврши и контрола кај производителите на млеко и млечни производи и производителите на месо и млечни производи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...