Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати.

Објавил: Владо Марин | 18 јули, 2021 13:30

Над 180 загинати по поплавите во Западна Европа

Фото/Текст извор: ©р.с европа

Последните бројки на загинати во поплавите во Западна Европа во изминативе 24 часа достигнаа до 180, откако спасувачите цела ноќ работеа во потрага по прежиевани. Силниот дожд донесе нови поплави во Австрија и југоисточна Германија, но, не толку големи како тие од минатата недела, пренесе Р. С. Европа!

Германската полиција соопшти дека над 110 лица загинале само во округот Арвајлер во западна Германија, една од најпогодените области. Локалните власти стравуваат од зголемување на бројот на загинати.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе го посети селото Шулд во близина на Арвајлер кое беше уништено од поплавите. Претходно поплавениот регион го посети германскиот претседател и изјави дека е потребна долгорочна поддршка за да им се помогне на преживеаните од поплавите кои ги загубија своите домови!

Министерот за финансии Олаф Шолц изјави дека на владина седница ќе предложи пакет за непосредна помош.

Тој во изјава за весникот „Билд ам Зонтаг“ посочи дека ќе бидат потребни над 300 милиони евра за обнова на регионот. Тој додаде дека федералните влади мора да започнат со воспоставување програма за обнова, која, од искуство со претходните поплави, треба да биде во милијарди евра.

Иако силниот дожд престана да врне во најпогодените области на Германија, Белгија и Холандија, невремето и поројните дождови продолжија во другите делови на западна и централна Европа. Синоќа имаше и поплава во германско-чешката гранична област, низ целата земја од каде се случија минатонеделните поплави, и во југоисточниот дел на Германија како и преку границата во Австрија.

Поплава го зафати и блискиот австриски град Халејн доцна во саботата, но нема извештаи за жртви. Обилниот дожд и невреме предизвикаа сериозни штети во повеќе делови на Австрија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...