На над 300 пунктови во државата граѓаните масовно излегоа и без страв го кажаа својот став. Граѓаните му ја упатија пораката на Заев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 февруари, 2021 12:01

Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис.

На над 300 пунктови во државата граѓаните масовно излегоа и без страв го кажаа својот став. Граѓаните му ја упатија пораката на Заев.

Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис.

Народот јасно кажа дека не е предмет за политички поткусурувања. Народот не е на пазар за некој со него да подмирува сметки.

Тоа што Заев го договорил како коалициски договор, нека најде друг начин да си го подмири.

Пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција.

Заев има можност да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и да организира електронски попис. Само така ќе се добие реална слика за бројот на населението, густината, верската, етничката и друг вид на припадност.

Со спроведување на електронски попис државата ќе има јасни податоци врз основа на кои ќе може да се прават среднорочни и долгорочни стратегии.

Заев веднаш да се откаже од фалсификат попис. Народот ја испрати пораката.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што објави денеска Телма, Министерството за внатрешни работи немало таква опрема за 24 часовно следење со аудио и видео.

МВР нема опрема за 24 часовен надзор на Мијалков со видео и аудио каков што определи судот

Сашо Мијалков требаше да биде под 24 часовен аудио и видео надзор, така одлучи Кривичен...

„Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам и Да, знам дека ќе поткупувате, уценување, лажете, крадете, притискате, но и тоа овој пат нема да ви помогне…

На Мицкоски му пукна филмот: Цела крими коалиција заедно со народот ќе ве победам

Колку што време трошите на мене да ми наштетите, половина од тоа време да трошевте на...