Организациите ќе формираат и Кризен штаб кој ќе води јавна пропаганда за неизлегување и бојкот на референдумот

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 8:55

Над 30 организации се обединуваат “ЗА” бојкот на Референдумот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Над 30 организации меѓу кои политички партии – невладини организации – граѓански иницијативи од земјата и дијаспората ќе потпишат Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.

Меморандум овие организации ќе го потпишат денес во 12 часот во хотелот “Континентал” – во продолжение интегрално текстот на Меморандумот:

МЕМОРАНДУМ ЗА СТРАТЕШКА СОРАБОТКА во врска со референдумот за промена на името на 30 септември 2018 година

Цел на соработката

Собранието на Република Македонија, спротивно на стремежите на македонскиот народ и поголем дел од граѓаните на Република Македонија, на седницата одржана на 30 јули 2018 година донесе одлука за распишување на референдум за промена на името, кој треба да се одржи на 30 септември 2018.

Република Македонија има непристоен предлог за промена на име, идентитет, јазик, историја и култура во замена за иден неизвесен факт – членство во НАТО и ЕУ. Во изминатиот период Татковината беше цел на обоени револуции, терористички напади и социјален инжинеринг за рушење на вољата на народот и нејзините институции и инсталирање на структури кои ќе го одработат геостратешкиот проект – промена на име.

Неформалното лого за бојкот на референдумот масовно се шири по социјалните мрежи.

Завладеа теророт во државата, насилство, уцени, закани, медиумскиот простор се претвори во најстрашно едноумие, се врати досието за македонски екстремизам, се гони секој Македонец кој може да поведе народ и кој си ја сака Татковината. Живееме во услови идентични како од фашистичката окупација.

Тргнувајќи од ваквата состојба, здружувајќи ги силите и користејќи ги сите патриотски, стручни и научни потенцијали, се обврзуваме пред македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија, вистински и патриотски, а не лажно и предавнички, да понудиме решение за името определувајќи се да го повикаме македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија да не излегуваат на референдумот на 30 септември 2018 година.

Инсталираната влада преку државниот удар има за цел да организира референдум за промена на името, да се натера Македонецот да се самоукине и од здрав плодороден народ, да се претвори во хибрид на западниот социјален инжинеринг. Меѓутоа, вистината и правдината е на другата страна, а каде е вистината и правдината, таму е и силата, единството и народот.

Ние сме единствени и стоиме исправено на својата земја и држава Република Македонија, како Македонци и ви се обраќаме на македонски јазик. Неизлегување на референдумот кој е геноциден проект врз македонскиот народ и одговорност за понижувањето и државниот удар врз Република Македонија. Прекин на преговори со организации кои бараат промена на име. Македонски национални црвени линии.

Активности и механизами за остварување на соработката

Формирање на Кризен штаб за референдумот со претставници од потписниците на овој Меморандум како национално тело кое ќе утврди План на активности. Кризниот штаб ќе раководи со работата на терен, следење и реализација на Планот на активности во кој ќе бидат вградени решенијата за успешен бојкот на референдумот;

Кризниот штаб за референдумот е во постојано заседание. Работата е транспарентна и отворена за јавноста.

Координиран настап кон средствата за јавно информирање за реализација на заеднички поставената цел. Кризниот штаб ќе води јавна пропаганда за референдумот преку јавно собирање и други настани, јавно истакнување на плакати, видео презентации на јавни места, медиумско и интернет претставување и диструбуирање на печатени материјали.

Овој Меморандум е отворен за пристапување на сите македонски политички партии, македонски организации, поединци од земјата и светот.

Времетрање на соработката

Соработката ќе се остварува се до остварување на целта утврдена со овој Меморандум.

Соработката може да биде продолжена и по рефередумот на 30 септември 2018 година, а по претходно меѓусебно усогласување на ставовите.

Меморандумот е изготвен во соодветен број еднообразни примероци од кои по еден за секоја страна.

Овој Меморандум влегува во сила на денот на неговото потпишување.

Силно убедени дека ваквата цел е достижна, ние претставниците на __________ го потпишуваме Меморандумот за стратешка соработка во врска со референдумот за промена на името на 30 септември 2018, уверени во остварливоста на нашата цел, заеднички ангажираќи се на локално и на национално ниво.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...