Кавадарци

Објавил: Калина Мартинска | 8 септември, 2024 1:16

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Над 500 учесници имаше во карневалското дефиле синоќа во Кавадарци, од земјава и странство, градот има вински кралица и крал во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“.

Секоја карневалска група со своја приказна, секоја убава на свој начин. Традиционалниот карневал и оваа година со над 500 учесници во 31 карневалска поставка, кои продефилираа низ улиците на Кавадарци, а кралот и кралицата заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци Стојанчо Рамов и дел од гостите, симбилично го откинаа првиот грозд, за многу години, рекоа организаторите на настанот од кавадаречката локална самоуправа.

https://www.facebook.com/sharer/sharer.php?u=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FMitkoJanchev%2Fposts%2F1072297274254273&display=popup&ref=embed_post&src=post

Традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација има долга традиција, годинава се одржува овие три дена, на агендата се бројни настани и се очекуваат гости од земјава и странство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.