
Македонија
Економија
Јужнокорејската компанија „Алмак“ и американската компанија „Дура аутомотив системс“ денеска во ТИРЗ 2 во Скопје го означија почетокот на заедничката инвестиција во земјава.
Околу 30 милиони евра инвестиција ќе бидат вложени во изградба на современ објект во кој ќе се произведуваат лесни профили за автомобилската индустрија. Планирано е фабриката да се изгради на површина од 80 илјади квадратни метри и да почне со работа од следната година.
Се очекува да се отворат над 70 работни места, а бруто платата за висококвалификуваните кадри ќе биде околу 2.000 евра. Просечната бруто плата за најслабо квалификуваните кадри кои ќе работат во фабриката, ќе биде 889 евра или просечна нето плата од 580 евра.
Според новите инвеститори, клучни причини поради кои се одлучиле да инвестираат во земјава се стабилниот деловен амбиент, работната сила, инфраструктурата и поддршката што Владата им ја дава на странските инвеститори.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.