Разоткриена шема?

Објавил: Калина Мартинска | 15 септември, 2024 14:04

Над 8 милиони евра од Еуростандард банка се префрлани во Турција, случајот стигнува и до Заев?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Дел од парите на Еуростандард банка се префрлани во Турција? Неофицијалните информации од предистрагата на надлежните органи околу случајот на Крмзов говорат дека над 8 милиони евра се префрлани на сметки во Турција.

Истрагата се шири на повеќе струмички компании кои биле дел од шемата на струмичкиот бизнисмен за злоупотреба на парите.

Има основан простор за сомнеж дека биле подигани пари од Еуростандард банка, а тие биле префрлани на сметки во Турција.

Неофицијално, семејството Крмзов имало веројатно спрега и со Јавното Обвинителство чии предмети од поранешен сомнеж за криминал веројатно биле чувани во фиока. Ако не било така, упатените коментираат дека и немало да дојде до милионската штета во Еуростандард Банка.

Воедно, истрагата ја вклучува и Царинската управа каде за еден камион увезена роба се плаќало царина од само 1500 евра, а за истата роба во последниот период по смена на раководството на царинска управа се плаќало дури за 15 пати повисоки давачки, што значи дека разликата се губела во нечии џебови.

Фрапантно е како директорите на УЈП, Централен Регистар и тогаш на Царинската управа останале слепи на ваквиот криминал.

Затоа за очекување е предистрагата да ги вклучи и овие лица во случајот. Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека има сомнеж во истрагата да биде под сомнеж и Сања Лукаревска, екс директорка на УЈП.

Се повеќе луѓе почнуваат да зборуваат и случајот се шири и до компании кои стигнуваат до семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.