Не може да се зборува за примена на Вештачката интелигенција, подобрување на транспарентноста или откривање на случаи на корупција доколку над 90% од институциите податоците ги чуваат на хартија или ги разменуваат на традиционален начин, a не се дигитално поврзани, вели министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.
Тој кажа дека во следниот период приоритет ќе биде конечно да профункционира платформата која овозможува електронска размена на податоци и документи, која кај нас е воведена од пред 10 години, но инситуциите речиси и да не ја користат.
„ Идејата е самиот систем автоматски да идентификува пријавува и објавува и судир на интереси, особено на системот на јавни набавки. Еден пример е она што често се користи црвеното знаменце, аларм, кој системот ќе регистира дека лицето на пример што ја подготвувало техничката спецификација за одредена набавка или е член на некоја комисија за еваулација во исто време има член на семејство кое работи во фирма која учествувала на тендерот или самиот работи во таа фирма, ова ќе биде еден од сигналите дека постои некаков потенцијал за судир на интереси, “-Стефан Андоновски – Министер за дигитална трансформација.
Реформа во поглед на дигитализацијата, најавува и директорката на УЈП, кој се однеусва на начинот на наплатата и собирање на даноците со што би се променил сегашниот традиционален начин на функционирање, како и дигитализирање на услугите кои граѓаните сега ги добиваат единствено на шалтерите.
-Од аспект на собирањето на даночните приходи тоа ќе значи дека податоците во УЈП нема да доаѓаат како историски податоци, по завршување на даночниот период туку податоците ќе бидат достапни во реално време во времето кога се случуваат трансакциите и со тоа ујп ќе може да има директен и во реално време пристап и да ги следи ризиците и отстапувањето во пресметувањето на даночните обврски,- Елена Петрова – Директорка на УЈП.
Меѓу приоритетите, министерот Андоновски кажа дека ќе биде и унапредување на владиниот веб -портал, uslugi.gov.mk , да стане заедничка електронска платформа каде граѓаните ќе можат да ги добиваат услугите од инситсуциите кои сега се наоѓаат на различни портали.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.