СДСМ и ДУИ пред референдум си назначија 22 "непартиски" директори на националните културни установи, како пример, синот на поранешниот министер за култура Стефановски

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 10:53

Назначени директори на 22 национални установи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Назначени се директори на 22 национални установи во Република Македонија, информираат од Министерството за култура, и сите “непартиски” и со “професионален” стаж.

За директор на НУ Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ е назначен Мартин Вучиќ, на НУ Драмски театар – Скопје за директор е назначена Викторија Рангелова Петровска, на НУ Македонска филхармонија – Скопје за директор е назначен Виктор Илиевски, а на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје Нифие Селмани.

Симона Угриновска е назначена за директор на НУ Македонски народен театар – Скопје, Митко Штерјов  е назначен за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Штип, Ацо Манински за директор на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, а Тасе Перовски за директор на НУ за управување со археолошки локалитет „Стоби“ – Градско.

Наташа Поповиќ е назначена за директор на НУ  „Охридско лето“, а Тодорче Тасевски на НУ Манифестација „Струшки вечери на поезијата“.

За директор на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е назначен Бојан Стефановски, на НУ Конзерваторски центар – Скопје – Коле Чапкановски, на НУ Конзерватоски центар – Гостивар – Илбер Зулфиќари, на НУ Музеј Кратово – Богдан Таневски, на НУ Центар за култура Крива Паланка Мира Георгиевска, на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево – Методи Толевски.

На НУЦК „Бели мугри“ – Кочани за директор е назначена Александра Димитрова, на НУ Центар за култура – Дебар е назначен Артин Спахију, на НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово – Имери Исмаили Њомза.

Колку изборот е непартиски говори пример фактот што директорот на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е син на поранешниот министер за култура во владата на СДСМ на Бранко Црвенковски, Благој Стефановски, кој никогаш не работел во Национална културна установа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во добро расположение, публиката со маски и растојание од еден метар, ужуваше во безвременските хитови во изведба на Дарио, Џокси, Џафер, Лидија Кочовска, Трајче Манев, Ристо Самарџиев, Олгица Христовска.

Публиката со маски и дистанца го славеше 35-от роденден на „Макфест“

Вчеравечер се одржа 35-тото издание на фестивалот Макфест во Штип, а за прв пат на отворено...

Нашата потрага по вистината ја продолживме кај семејството Сам, останатите ликови во Медена земја. И тие се пожалија дека добиле само празни ветувања.

НИШТО ОД ВЕТУВАЊАТА : Атиџе не доби ни работа, ни песна- повторно остана сама со пчелите!

Ништо од ветувањата кои протагонистката од документарецот Медена земја пред четири...

Социјалните мрежи беа преплавени со позитивни коментари и критики за филмот, а секако веста со голема радост и неверување беше дочекана од тимот.

Солзи радосници: Еве како тимот на „Медена земја“ ја прими веста за номинациите

Цела Македонија се крена на нозе откако вчера македонскиот документарец „Медена земја“...

„Медена Земја“ е во трката за најпрестижната филмска награда на светот и тоа во категориите најдобар странски филм и најдобар документарен филм.

За прв пат во историјата : Медена земја номиниран во две категории за Оскар

Номинациите за Оскари денеска конечно се објавени, а нашиот македонски документарец...