По објавата на аферата за криминал со шверц на цигари кои го организираат групации од ДУИ и СДСМ, Стојчев наградно доби намалување на казната за 2/3 од изречената

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 10:23

Намалена казната на градоначалникот на Ново Село

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Апелација во Штип му ја намали казната на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, од 18 на 6 месеци затвор, потврди Основниот суд во Струмица.

Апелациониот суд ја прифатил жалбата на одбраната на Стојчев за висината на казната со која претходно беше осуден од првостепениот суд на 1.5 година затвор.

Намалени се и казните на неговите син и внук, и тоа од една година на 3 месеци затвор, а на петтообвинетиот исто така му е намалена казната од 9 на 3 месеци затвор. Казната, пак, на сопругата на Стојчев, која беше осудена на една година условно доколку не го повтори делото во наредните две години, останува иста.

На пресудата на Основниот суд во Струмица и висината на казните се жалеше и Јавното обвинителство, но неговата жалба Апелациониот суд во Штип ја одбил.

Градоначалникот на Ново Село на 10 јули годинава, заедно со уште четири лица, беше фатен во обид да шверцува цигари во близина на македонско бугарската граница. Тогаш беа запленети речиси 3.300 штеки цигари во вредност од над 3 милиони денари.

Намалена е и казната на децата од 1 година на 3 месеци.

Атина преку Ново Село, новата шема за шверц со цигари на СДСМ и ДУИ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести