вторник, 26 октомври 2021

MK/ EN/ DE



Од идната недела регулаторно тело ќе ја разгледува можноста за намалување најпрво на интернет услугите, а потоа и на разговорите

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 април, 2019 14:22

Намалување на цените на роамингот – Македонците од 1 јули ќе зборуваат поефтино

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Од јули оваа година, цените на роаминг услугите се намалуваат за 27 отсто, а се очекува од јули 2021 година целосо да биде укинато наплатувањето на роаминг услугите помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ.

Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ

Ваквата одлука е донесена со потпишувањето на договорот што ресорните министри го потпишаа на Вториот дигитален самит за Западен Балкан кој воедно беше предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Од идната недела регулаторно тело ќе ја разгледува можноста за намалување најпрво на интернет услугите, а потоа и на разговорите, и постепено ќе бидат намалувани цените за овие услуги се до 2021 година кога целосно ќе биде укинато плаќањето.

– Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички, изјави по потпишувањето на договорот министерот за информатичко општетсво и администрација Дамјан Манчевски.

Марија Габриел, еврокомесарката за дигитална економија и општество вели дека потпишувањето на овој договор за бесплатен роаминг во Западен Балкан е значаeн поттик за регионалната соработка.

– Цените на роамингот постепено ќе се намалуваат и од 2021 година ќе станат како домашните. Потпишувањето на Договпрот ја покажува силната политичка волја во насока на  регионалната дигитализација, рече Габриел.

Со потпишување на регионалниот договор за роамингот,  владите во регионот испратија јасна порака на посветеност на европските вредности и подготвеност да ги воведат на патот на интеграција во Европската Унија.

Македонците од 1 јули 2017 година по стапување на сила третото намалување на цените на роаминг услугите согласно со Договорот меѓу четирите држави од 2014 година, зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Минута разговор дојдовен повик сега чини 11,6 денари, а пред три години изнесуваше 67,9 денари, за СМС порака сега се плаќа 3,7 денари, за разлика од старата цена од 12,3 проценти. Се очекува и намалување на цените на роамингот и со Грција, кој би требало да се реализира од летната сезона.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.