Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 проценти. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 декември, 2019 21:34

Намирници кои чинат здравје- ореви, град, овес лек за маснотиите во крвта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Некои луѓе се мака мачат со маснотии во крвта, особено холестеролот, иако не припаѓаат во редот на гурманите. Се разбира, истото се случува и со оние кои не можат да се пофалат со здрава исхрана. Нутриционистите велат дека е можно регулирање на маснотиите и холестеролот со пет клучни намирници.

Јаболката го намалуваат „лошиот холестерол“ за дури 38 проценти. Но, за да се постигне ова, треба редовно да ги консумирате или да пиете сок.

Оревите обезбедуваат најголем процент на „добар холестерол“.

Оревот е овошје кое е исклучително хранливо и лековито, најздраво од сите видови на јаткасти плодови, бидејќи е најбогато со антиоксиданси.

Гравот е богат со растворливи влакна кои го забавуваат варењето и ве прави подолго време да се чувствувате сити. Една чаша (250г) варен црвен грав на пример обезбедува 60% од потребната дневна вредност на диетални влакна.

Гравот, богат со растителни влакна, може да го намали холестеролот за шест проценти за само еден месец и половина.

Гравот има исклучителна енергетска вредност, а ги содржи речиси сите есенцијални аминокиселини.Освен тоа, содржи и лецитин, како и минерали како калиум, калциум, железо, фосфор, магнезиум, цинк и натриум. Претставува одличен извор на протеини, со многу малку масти, не содржи заситени масни киселини, ниту пак холестерол.
Испитувањата докажуваат дека луѓето кои јадат грав имаат 22% помал ризик од прекумерна тежина и е поголема веројатноста да имаат помал обем на струк отколку луѓето кои не јадат грав.

Овесот е богат со растителни влакна и познат непријател на штетниот холестерол.

Лукот со дневна доза од само 5 мг во таблети, успева да елиминира завидни 11 проценти од холестерол. А за да ви се подобри циркулацијата на крвта, доволно е да јадете само еден лук деневно.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Фаучи, 79-годишен имунолог, рече дека сè уште очекува вакцината да биде достапна на почетокот на 2021 година.

Главниот американски стручњак за корона даде нова процена до кога би можела да трае заразата: Ова на многумина нема да им се допадне!

Сè додека ја мобилизирате дистрибуцијата на вакцини и го вакцинирате и заштитувате...

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Починаа уште 4 лица како последица од корона вирусот во Македонија: Регистрирани се 140 нови случаи!

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на...

Приемот на пациентите се одвива според строго утврден протокол, по претходна консултација со инфектолог. Закажувањето на консултација со инфектологот се изведува преку Контакт центарот на болницата 02/ 30 99 500, а докторот е достапен и преку услугата за online консултации.

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НАЈСОВРЕМЕН И ДОКАЖАН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со комплетно кадровски и технолошки...

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19

Дали во Македонија се умира само од Корона? Починати 8 нови лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.384 тестирања,...