
Живот
Совети
Нането (односно Mentha) е род со околу 25 вида (и стотици вариетети на цветни растенија во фамилијата Lamiaceae. Видовите од родот Mentha имаат субкосмополитско распространување низ Европа, Африка и Азија, Австралија и Северна Америка.
Различните видови на нане се ароматични, речиси секогаш повеќегодишни, ретко едногодишни тревести растенија. Тие имаат разгранети подземни ризоми и исправени, разгранети стебла.
Листовите се наспрамни, од прости издолжени до ланцетни, најчесто перести, со насечени рабови. Бојата на листовите се движи од темнозелена и сивозелена до розева, сина и понекогаш бледожолта. Цветовите се групирани во гроздови (verticil-и) на една исправена боцка, по боја се бели до розеви.
Венчето е двоусно со четири субеквални венечни ливчиња, при што горните се обично поголеми. Плодот е мала и сува капсула која содржи едно до четири семиња.

Без разлика што видовите кои го сочинуваат родот Mentha се нашироко распространети и можат да се најдат во многу станишта, сепак, повеќето растат во влажни средини и на влажни почви. Нането расте до 10–120 cm во височина. Како резултат на тенденцијата на брзо распространување, нането се смета за инвазивен вид.
Лекува грчеви, нервоза во желудникот, алергии.
Во минатото, чај од нане се користело како средство во борбата против глисти, за намалување на нагонот за повраќање, против колера, болка во увото и крвавиот секрет од белите дробови.
Може да ги олесни менструалните тегоби, да помогне кај воспалението на слузокожата во устата, а како облик на инхалатор поволно делува на дишните патишта и често се препорачува како средство против несоница.
Облогата од нане се користат за уморни и црвени очи.
Против пролив и болести на органите за варење
Се прави мешавина од нане и камилица во еднаков сооднос. Три големи лажици од ова мешавина се попарува со половина литар зовриена вода и се остава да поседи два часа, па потоа се процедува чајот. Овој чај можат да го пијат и децата.
Против несоница
Во 60 грама хмељ (Humulus lupus) додадете 20 грама нане и исто толку маточина (Melissa officinalis), измешајте го сето ова, па од ова мешавина земете три големи лажици и попарете ги со половина литар зовриена вода. Поклопете го и после два часа процедете го и пијте го чајот голтка по голтка.
Исто така е ефикасно ако се измеша по 10 грама нане и валеријана ( Valeriana officinalis) и ова мешавина да се попари со 2,5 децилитри зовриена вода. Да се пие пред спиење.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.