И Стојанче мисли дека Груевски "ќе го јаде стапот"

Објавил: Македонка Димкин | 23 септември, 2023 13:19

Нападите на Груевски го збиваат ВМРО и зацврстуваат Мицкоски, оценува Ангелов

Фото/Текст извор: ©Facebook

Вербалното и пишано амнестирање и величење на носителот на режимот Никола Груевски како авторитет кој ќе помогне да поминат уставните измени и со тоа Македонија ќе продолжи по нејзиниот европски пат, од страна на некои од перјаниците на владејачката гарнитура, ќе резултира со дополнително збивање на и онака густо збиените редови на ВМРО ДПМНЕ, проценува лидерот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Tој на својот фејсбук профил напиша дека систематските напади од Груевски врз актуелниот лидер на партијата Христијан Мицкоски ќе доживеат фијаско, а ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски на чело од нив ќе излезе уште посилно.

Ова го зборувам особено поучен од моето лично политичко искуство кога заедно со иконата на ВМРО-то, војводата Љубчо Георгиевски како и братот Љубе Бошкоски со нашата предизборна коалиција ВМРО за Македонија во 2016 година тргнавме во директна политичка пресметка со тогашниот лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски. Битка во која бевме прегазени од ВМРО-ДПМНЕ и која на изборите во декември истата година ја загубивме со освоени 25.500 гласови кои не беа доволни за пратеник од нашата коалиција. Иако се шеташе со ножеви забиени во грб од неговиот претходник Љубчо Георгиевски, Никола Груевски победуваше на сите избори и се одржа на власт повеќе од 10 години. Груевски победи дури и во декември 2016 година после сите објавени бомби, коалиции и револуции“, пишува Ангелов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто. Ова се однесува...

Вредноста на двата стана на „Бихаќка“ и трите апартмани во „Панорама Резиденс“ е проценета на 1,9 милиони евра, вели директорот на Агенција за конфискуван имот Дритон Небиу во интервју за Радио слободна Европа.

Петте станови на Груевски проценети на 1,9 милиони евра

Откако Владата ќе одобри, конфискуваните станови на поранешниот премиер Никола Груевски...

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски нема конфликт на интереси, велат од СДСМ.

СДСМ: Антикорупциска потврди дека нема конфликт на интерес кај Ковачевски

Антикорупциската комисија потврдила дека претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски...

На иницијатива на претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, и во директен контакт со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, се изнајде решение на предизвикот за обезбедување чартер лет за граѓаните од регионот. Со вчерашниот лет, кој беше организиран и платен од Владата на Република Македонија, покрај тоа што во Скопје долетаа преостанатите 67 наши државјани кои побараа помош, со истиот лет, Владата на Република Македонија излезе во пресрет и обезбеди трансфер на седум албански, седум црногорски и тројца бугарски државјани.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Република ж Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата на повеќе начини, меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Република Македонија.

Владата на Република Македонија внимателно ги следи случувањата во Израел преку Министерството за надворешни работи, кое што е во редовен контакт со македонската Амбасада во Тел Авив.

Владата тврди дека ги евакуирала сите патници со „Аир Србија”

Со чартер летот организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија,...