Игор Дурловски јавно открива дека бил нападнат од владин советник...

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2020 9:29

НАПАДНАТ ИГОР ДУРЛОВСКИ: Советник на Заев му се заканувал и физички го нападнал!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонскиот оперски пејач Игор Дурловски вчера преку социјалните мрежи ја извести јавноста дека бил нападнат од советникот на поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Игор Дурловски е познат македонски оперски пејач, кој врвот на својата слава го достигнува со магичната интерпретација на музиката која е забележлива уште од неговото деби во 1999 година. Од тогаш тој станува миленик на својата матична публика во Македонија, која безрезервно го наградува гласот кој со големина и карактер го изведува белканто репертоарот на Гаетано Доницети, Винченцо Белини, Џоакино Росини, лириката и драматиката на Џакомо Пучини, како и херојските улоги од рускиот и францускиот репертоар.

Имено Дурловски вели дека вчера бил во опасност.

-После бројни напади во изминатиот период за кои не сум проговорил, одлучив јавно да објавам за денешниот кој беше сериозна и директна закана за мојата безбедност и личен интегритет.
Инцидентот е пријавен во полициска станица по што очекувам да биде покренета соодветна постапка.
Сакам јавно да го прашам г-динот Заев, дали му е навика во вакви насилни методи на заканување да ги злоупотребува неговите советници за заплашување на опозиционите кандидати во изборниот процес? Или можеби овие негови советници, кои земаат државна плата од владата, му се целосно вон контрола?
Наскоро ќе ги информирам и претставниците на меѓународната заедница.
Нападите ги гледам како обид за заплашување кон мене и атак против слободата на мојот избор да го бранам „македонското“ во сопствената татковина, стои во неговиот пост на Фејсбук.

На нападот врз Дурловски, остро реагираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој рече дека наместо да се спасуваат животи во моментот кога владее епидемија, владата се занимава со разбојништво.

-Советникот на Заев во манири на градски силеџија го нападнал Дурловски. И таквиот чин не е ништо друго туку последица на нервоза кај власта и голема слабост кај оние кои секој ден не убедуваат дека имаме нова нормалност и мислат дека тоа би имало некаков ефект. Наместо да спасуваат животи, тие се занимаваат со силеџиство. Нема да им помогнат вакви реакции туку само ќе не мотивираат, борбата против ова зло да продолжи и да се истрае до крај!
Дурловски е величина и за Заев и за советникот на Заев. Ова што денес се случи е одраз не само на искривениот систем на вредности во кој силеџии се советници на премиер, туку и на една брутална реалност во која се притиска и прети на секој што размислува различно од оваа власт која распродаде се што е вредно и продолжува со распродажба. На едната страна е Игор Дурловски кој не им се даде кога многу други потклекнаа, и покрај сите притисоци кои ги имаше, а од друга е Заев со ваквите другарчиња советничиња и нивниот систем на вредности. Има разлика!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Се обврзуваме на високи и стабилни субвенции за земјоделците и модернизација на земјоделскиот сектор, крупни инвестиции во патната, енергетската и комуналната инфраструктура, реализација на голем број на проекти за младите во сите сегменти на
нивното живеење.

МИЦКОСКИ: Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани

Во следните четири години ќе се заложиме за заштита на животниот стандард на пензионерите...

Тој во допис до медиумите вели дека објавените разговори се лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

Вице Заев: Објавените разговори се лаги- Заеви се чесни и вредни Македонци

Откако денеска на Јутјуб каналот се појави нова аудио бомба за Заеви, се огласи и Вице...

Средствата со кои Градот Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите за набавка на потребни алати и репроматеријали се во износ од 80% од нивната вредност, но не повеќе од 50.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход!

ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА СКОПСКИТЕ ЗАНАЕТЧИИ

Градот Скопје со цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети во изумирање...

Од аудио бомбата Тушникот се фали дека добил зелено светло од Рашо кој најверојатно е Радиша Бојовиќ зет на Зоран Заев, а ќе оствари средба со братот на Зоран, Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ.

НОВА АУДИО БОМБА: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче даде црвен картон да не работи ништо

Шокантна нова аудио бомба се појави на социјалните мрежи во која се слушаат два гласа...